- Член од
- 15 јануари 2019
- Мислења
- 9
- Поени од реакции
- 20
Еве, ќе бидам искрен, не знам како тоа би се одвивало од причина што засега ниту еднаш не се случил напад меѓу „сојузници“ во НАТО. Некогаш знае да се вжешти состојбата меѓу грчката и турската авијација и морнарица, но целосна инвазија за каква што зборуваме досега не се случила.Кон болдот; подобјасни го начинот на кој ОТАН ќе не‘ чува од племенските напади од нашата северна и западна страна...
Само биди убедлив во објаснувањето, без нагаѓања и без лични желби...
Претпоставувам дека воено би интервенирале на наша страна, бидејќи тука ние би биле нападнатите. Можеби би сместиле војска од другите земји ако станеме завоено подрачје која ќе биде спремна да дејствува доколку има потреба. Барем вака треба да реагираат ако си го почитуваат самите пактот и договорот кој се потпишува. Во спротивно, која е целта на постоењето на НАТО?