Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Па кетото планирам да го терам 3-4 месеци (еден веќе пројде). Така да ОК е сега - засега.

Ги вратив килограмите пошто знае да ми здосади од тој начин на живот и исхрана, ќе ми здосадат тегови и железа, ќе ми здосади пазење што јадам и толку е. Мене ми треба 1 недела да качам 3-4 кила, до толку ми е спор метаболизмот и до толку знам да се опуштам.

Бев со константна тежина подолг период (90кг), тежина во која се чуствував прилично удобно во сопствената кожа. Има периоди кога знам да се запуштам (прекинување со теретана/кардио/трчање/фудбал, јадење глупости касно навечер и сл) и тогаш качувам. Ова се случува претежно на есен. Јас немам проблем во стил "Еее абе не знам од што се поправив", многу убаво знам и сум свесен од што ми е. Имам проблем со контролирање на фрекфенцијата на тие периоди во кои се опуштам. Не се чести, но се катастрофални за сопствената тежина. И тогаш јадам благо, јас комотно можам да се удавам во благи работи. Не ми се проблем месишта, теста, кафани. Еве моментално лети фати - мене може човек да ме остави во фрижидер со сладолед и да си замине со чиста совест.
Затоа и се одлучив да пробам со кето за прв пат во животот, да видам како ќе ми реагира телото кога прима шеќери на минимум.

Еве вчера јадев њоки (@Кеплер , не ме карај, девојка ми правеше, МОРАВ) и денес ме гризе совеста затоа што сум излегол надвор од зацртаниот план, макар за еден оброк.
Чим девојкати ти правела брату оправдано е....и јас за клецање се би сторил :D:drk:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Па кетото планирам да го терам 3-4 месеци (еден веќе пројде). Така да ОК е сега - засега.

Ги вратив килограмите пошто знае да ми здосади од тој начин на живот и исхрана, ќе ми здосадат тегови и железа, ќе ми здосади пазење што јадам и толку е. Мене ми треба 1 недела да качам 3-4 кила, до толку ми е спор метаболизмот и до толку знам да се опуштам.

Бев со константна тежина подолг период (90кг), тежина во која се чуствував прилично удобно во сопствената кожа. Има периоди кога знам да се запуштам (прекинување со теретана/кардио/трчање/фудбал, јадење глупости касно навечер и сл) и тогаш качувам. Ова се случува претежно на есен. Јас немам проблем во стил "Еее абе не знам од што се поправив", многу убаво знам и сум свесен од што ми е. Имам проблем со контролирање на фрекфенцијата на тие периоди во кои се опуштам. Не се чести, но се катастрофални за сопствената тежина. И тогаш јадам благо, јас комотно можам да се удавам во благи работи. Не ми се проблем месишта, теста, кафани. Еве моментално лети фати - мене може човек да ме остави во фрижидер со сладолед и да си замине со чиста совест.
Затоа и се одлучив да пробам со кето за прв пат во животот, да видам како ќе ми реагира телото кога прима шеќери на минимум.

Еве вчера јадев њоки (@Кеплер , не ме карај, девојка ми правеше, МОРАВ) и денес ме гризе совеста затоа што сум излегол надвор од зацртаниот план, макар за еден оброк.
Ќе и дадеш план на девојката со кето оброци и тоа да ти готви, со њоки да прекинеш кетоза не само што излегуваш неколку денови од патеката, туку и тоа го правиш со храна со висок гликемичен индекс. Јас на твое место би удрил 24-48 часа Фастинг и добри саат и пол кардио за казна :motorce:
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Дечки има ли некој искуство со благо покачен холестерол, се друго таман, триглецириди ниски, добар сооднос хдл лдл со кето диета и колку заситените масти навистина влијаат на холесетролот.

Дали маслинов помас е подобра опција за пржење, печење или е џабе фрлени пари.

Месецов јас сум на интермитент фастинг , со воглавно 16-8, 5дена во неделата. И се осеќам како машина никогаш подобро, прво имаше неколку недели адаптација. Иако сум на катинг сила немам значајно изгубено може да имам задржано 95% или повеќе. Редуциран стрес, подобар и подолг сон, полесно трпење наглад, подобра концентрација и фокус итн.

Сакам да искомбинирам со кето но малку сум загрижен околу тоа дали влијае на холестеролот.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
32
Поени од реакции
17

Главна причина за покачен холестерол е прекумерен внес на карбс(шеќер) премногу инсулин не масти.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Главна причина за покачен холестерол е прекумерен внес на карбс(шеќер) премногу инсулин не масти.
На долг рок да, но изеди три цели јајца вечерта и сабајле направи крвна слика ќе видиш дека не е баш така. :)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
Па не можеш да мериш така. Изеди Милка од 200гр и измери си шеќер, исто е...
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
32
Поени од реакции
17
Брату, ја јадам по 12 јајца на ден а некогаш и повеќе и никад сум немал проблем, може генетски да ти е ама ти гарантирам дека 99% причина е премногу инсулин.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Брату, ја јадам по 12 јајца на ден а некогаш и повеќе и никад сум немал проблем, може генетски да ти е ама ти гарантирам дека 99% причина е премногу инсулин.
12 жолчки јадеш на ден? Сакаш да кажеш дека ако изедеш 12 цели јајца не би имало влијание на нивото на холестерол во крвта мислам на утредента ?
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.282
Поени од реакции
3.315
Со 12 жолчки на ден не би имал можност да пишува тука на форум..
 
storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Се зависи од градбата и мускулната маса, од физичката активност и тренинзите. Мастите од жолчката телото ги препознава како масти без ралика од кој озвор се внесени, бидејќи масти се масти. А дали ќе имам некаква промена во крвната слика секако дека да. Изеди пола кило или кило бадеми или инидски ореви и ќе имаш исти ефект ако направиш крвна слика одма. Сликата е поширока, не гледајте одма жолчка не е здраво холестерол е тоа. Бројни студии го докажале тоа дека жолчките не се воопшто штетни и треба да се јадат.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
дај боже @Psyside да не прочита ова... Oh wait :D
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.026
Поени од реакции
1.521
На сабајле јадам 8 варени белки и после тренинг 8 варени белки. Веќе четврти месец кај што јадам по 16 јајца на ден али жолчки нејадам и досега фаламу на бога сум немал проблеми.
Се што е претерано не е здраво.
Холестеролот можи да се крени и кај лица кој што нејадат масти.
Вечерта ако се јадат масти на пример фстаци,следен ден нема да покажи покачен холестерол.
Кога одев на системацки,вечерта јадов 50гр. фстаци и следниот ден резултатот ми беше во ред.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Се што е претерано не е здраво.
Така е.
Ова со јајцава на пример не претеруваш, си нашол некоја златна средина.
Некои по 30 јадат, некои ич така да ти со 16 си таман.
Холестеролот можи да се крени и кај лица кој што нејадат масти.
Така е.
Све е тоа генетски, не е важно што јадеме.
системацки
И тука веќе се е јасно
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
5 цели јајца на ден за 9 месеци. Крвна слика топ. Активност 6 дена во недела за 1-2 сати, седечка работа за 10 сати.
Незнам дали има кај нас само белки да купиш во тетрапак или некој контејнер. Убо би било кога би имало
 
Kajgana Shop

На врв Bottom