- Член од
- 12 декември 2010
- Мислења
- 9.849
- Поени од реакции
- 10.444
немаш мака ако не ти запишал податоциИ мене ми се случи нешто слично вчера. Поминувам на жолто, ме сопира сообраќаец ме прашува знаеш ли на какво светло помина, му викам на жолто. Ми вика казната е 300 евра исто како да си поминал на црвено. Му викам не сум знаел и проценив дека е побезбедно да поминам отколку да застанам оти имам негативно искуство од претходо со застанување на трепкачко жолто, бидејќи откако застанав на ретровизор видов како од позади по мојата лента иде еден со 100 км/час со свирење и ако не тргнев и тоа на црвено ќе ме разнесеше од позади. Му кажав и дека никогаш претходно немам направено сообраќаен или било каков прекршок ниту сум бил казнет некогаш. Се натегавме 10 мин. и овој одеднаш ми вика ајде бегај и другпат да си признаеш дека си направил прекршок (иако кажав дека поминав на жолто, ама не сум знаел дека е прекршок). Никаков записник не направи ниту ми зеде податоци туку ми рече да бегам Јас пак го прашува и што сега казнет сум или не а тој ми рече абе бегај и си замина. И сега не знам дали ќе имам некаква пријава или не и дали можам да проверам некаде оти ако не дај боже има подобро да си платам пола отколку да се замарам со судови итн.
Молам за помош некој што има слично искуство!! благодарам однапред!!
Sent from my iPhone using Tapatalk