He is a player that is being described as a "must have" in the eyes of Inter's management. ( Gazzetta)
Не верувам дека можеме да купиме ваков играч во конкуренција на пола Европа.
Ливерпул и Баерн се најсериозни кандидати за Пепе.
Играчот е проценет на 80м, не знам и дали би ризикувале за еден таков играч со толку голема сума.
Не не бива со млади играчи, имаме можеби најдобра школа а потоа ги упропастуваме или ги даваме за кило семки како Занило и подоцна тие вредат над 50м.
Моментално имаме неколку бисери кои имаат потенцијал да станат едни од најдобрите во светот.
Пинамонти е страшен напаѓач, добро испадна со позајмицата во Фросиноне.
Сепак, наместо да добива шанса предходно во Интер, добиваше Едер пред него. Во солиден тим, може да се развие во гол машина.
Салседо го зедовме од Џенова за солидна сума, одигра на високо ниво во примавера, едноставо одскокнува од останатите.
Многу сличен играч на Ето, брз, технички спремен и добра завршница
Еспозито е 16 годишен играч, исто така игра во нападот. Технички инзвонреден, дава слодобни како Жунињо. Одличен удар, одличен пас... Еден од најголемите млади таленти во Европа.
Исто и Бастиони беше голем талент, платен околу 30м на Аталанта. Имаше проблеми со повреда, стагнираше малку ама може да се врати на прав пат.
Има уште, ама ова се оние на кои треба да се обрне најмногу внимание и во никој случај да не се повтори грешката со Заниоло.
Го заборавив и Раду... Syn ме потсети сега
Имаше и еден бразилец, го дадовме на позајмица некаде, ама мислам дека Раду ке го замени Ханда.