Немам во животот ниту една филозофска книга прочитано, ниту пак сум изгледал некој филозофски филм, па затоа и не сум човек кој филозофира многу, но би сакал нешто да кажам, па можеби на некој ќе му се најде.
После животот нема ниту пекол ниту рај, ниту втор живот, ниту раѓање во туѓи тела, ниту повторно соединување со блиските во другиот свет, ништо. Користете ја религијата за да сте подобар човек, да светот кога ќе си заминете биде барем малку поубаво место за живеење во споредба од тоа каков бил кога сте се приклучиле во него, да помогнете, дали на себе или на другите, ако живеете на ваков начин според мене сте верник, не зависно дали одите во верски објект, пратите исти ставови со библија/куран и сл. Да продолжам, после животот нема ништо, остануваат само делата зад вас. За тие што остануваат на светот, ќе останат само спомените од вас, времето поминато заедно, тагата и радоста, насмевките и солзите. Никогаш ама баш никогаш немојте да водите инает, бидејќи инаетот ви крати многу спомени, а целиот живот се базира на тие спомени, на крај само тие остануваат. Ако ви се оди некаде, но не одите бидејќи водите инает на тој кој оди, немојте, одете и поминете си убаво, премногу е краток овој живот за да се води инает. И кога ќе изгубите близок, нема да може да спречите тагата тоа е јасно, но сакам да спречите каење за нешто и жалење по нешто што не сте го направиле дур тој бил со вас, некој пропаднат план, патување, или уште полошо, премочлено извини/благодарам. Затоа ако нешто ви значи, кажете се што имате да кажете денес, напрајте нешто заедничко денес и испишете спомени денес, бидејќи ништо друго освен сегашноста не е загарентирано. Еден ден ако проживеете ќе останете сами, ваше е дали ќе бидете целосно сами и празни во себе, или ќе имате толку многу спомени, и среќни и исполнети заедно со нив ќе го напуштите светот.