Види вака, работата е многу посериозна од тоа што најверојатно сега си го размислуваш, и никако несмееш да ,,оставиш времето да покаже,,. Тоа е најлошата варијанта и веројатно патот кој директно води кон тоа несакајќи да го заебеш својот или животот на другиот/те. Не зборувам тука ако ти/ви е стало до секс и нема некои емоции кои водат кон сериозна врска, тоа е друга тема и релативно безопасна работа. Но ако, а според твоето кажување е така, работата мириса на љубов и сериозна врска, тогаш несмееш ништо да оставиш времето да покаже и мораш (мораш а не ако сакаш) во најбрзо време да си ги расчистиш сите дилеми во главата. Најпрво со себе мораш да расчистиш дека ја прифаќаш таква каква што е- со дете. Или ја прифаќаш или не ја прифаќаш со дете, немаш опција неа ја сакам ама неќам туѓо дете да чувам.... тоа избриши си го од главата. Дури и да ти зборува или понуди некоја опција без дете (пример, ќе го гледале нејзините), веднаш отрај ја у 3пм на клоци и шлапаници. Мајка/жена што се откажува од своето дете, таква не ти треба ни под разно, бегај од таков човек. Второ, мораш да го прифатиш детето и кон него да се однесуваш како кон свое, утре мое би ке имате и ,,ваше,, и несмееш да правиш разлика помеѓу двете. Мораш да расчиштиш со тоа како стоиш и колку ти треба или не ти треба прифаќање на ,,жена со дете,, од страна на твоите и околината. Некои на ова ке речат ма какви родители, каква околина... остави ги нека речат ама ти преиспитај се сериозно колкави ти се мудата да тераш машки и да не фермаш мислење на родители и околина (ако бидат негативни зборувам), односно да тропнеш дома на маса и да речеш ја сакам и ја земам со дете и тоа не е ваша работа, можете да ја прифатите или не, јас си терам како што јас сакам. Не те знам кој тип на човек си па затоа ти велам да се преиспиташ околу тоа како реагираш на околината. Еве ти еден тест, мисловен. Дали врската ви е јавна (знаат сите и излегувате заедно, ја претставуваш на другари, роднини...)? Дали имаш проблем со тоа, еве да речеме денес да ја повикаш на гости кај тебе и да ја запознаеш со твоите? Ако си сигурен (не ако мислиш) дека можеш да направиш и сакаш врската да успее (од твоја страна) тогаш терај напред и немај гајле. Ако има работи кои те ,,глочкаат,, веднаш прекини, не завлегувај во тајна врска и не ветувај ништо што неможеш да исполниш. Додека се свестиш ке поминат многу години, ке пропуштите многу во животот и двајцата, на крај ке ја заебеш неа а секако и себе си со фактот што неповратно отишле годините. Значи, клучното во сета работа е колку си МАЖ (не е срамота да признаеш дека ете не си од калибарот МАЖИШТЕ, срамота и греота е да лажиш дека си а на крај работата да заврши со плачки). И за крај, имај на ум дека тоа е МАЈКА, и немој да се заебаваш со животот на мајка, на тоа дете таа му е се, тебе може би нешто пролазно но на него не, така да ако си искрен терај слободно а ако не си искрен тргни се веднаш, не прави грев кон тоа детенце....