Немам што многу да пишам,
@Colt Willcox напиша речиси се, ама морам да се обидам да го пренесам чувството.
После сите горенаведени перипетии од Коњаникот, со карти и се друго, влагаме во сала и си викаме ех, сала ко сала. Ама на отварање врата од трибини, ко да осетивме просветление. Гледаш околу тебе 20000 луѓе и занемуваш, 5 минути никој збор не кажа. Не знаеш кај си во моментот и мислевме дека сме на друга планета. Се ближи времето за утакмицата со Барселона, уште пола саат, мене веќе блага тахикардија ме мава. Да ме видеше некој на полувреме, ќе мислеше дека сум колабрирал. Јас толку мртво се немам почувствувано. Сепак, Вардар не е Вардар ако не се враќа од мртвите. Последните 2 гола во полуфинале ги дочекав на колена. Распалување на германска и скандинавска публика левел 200. Бараше германец да му спелувам како да пее. [emoji16]
Му посакувам на секој да отиде и да ја почувствува магијата на Фајнал 4.
СЛЕДНА ГОДИНА ПАК!! СИЛЕН ВАРДАР!!!!
ПС: Дечките рекоа дека се карав за фаулот врз КриштоФанс за црвен. Не, не се карав, него швабата што рече дека е обичен фаул, за маица го фатив и му реков да бриши од пред нас. По ВАР снимката, се извинуваше. Дечки фала за супер дружбата и пак ќе повторам, следна година пак!!!