Така е, знам дека не е доволно да кажам дека постои само еден Бог оти така библијата вели, нели, но па и без него неможеме да докажеме дека библијата всушност е неговиот збор, која има најпоуздани, најприфатливи аргументи кои потврдуваат што она не учи и монотеизмот се темели на тоа.
Секоја друга религија почнала од монотеизмот и еволуирала во политеизам, анимизам, а не обратно.
Кога би постоеле повеќе богови, свемирот би били во неред, оти ќе има повеќе творци и повеќе авторитети, но свемирот е во ред.
Бог е потполно совршено битие и не би можело да постојат други богови оти би требало некако да се разликуваат а штом се разликува нешто од совршенство, тоа значи дека е помало од тоа совршенство и према тоа не може да биде Бог.
Бог е неограничен во своето постоење и не може да има делови, он би можел да направи подврста на богови ама тое не го направил оти тие би биле ограничени, нешто како на пр. ангели