Барав, но неуспеав да најдам. Ако можеш да посочиш би бил благодарен.
Производството е ново, но моделот е стар. Истиот го има и во програмата за 2015-та, а можеби и порано. Нели е на веќе застарениот R410?
Прашањето на
@cyberbaze за споредбата на краун и амбер е на место, затоа што според каталогот на грее (не сајтот на клими.мк) амберот е подобра клима. Што е и за очекување со оглед дека е понов модел а се од иста или блиска ценовна класа. Барем според капацитетите измерени на +7. Како што е најверојатно измерена и максималната моќност од >7KW на амбер12, вредност за која сега велиш дека е потполно неважна за што се согласувам со тебе.
Затоа ги бараме важните податоци, колку грее и со која потрошувачка (или со кој СОР) на различни температури под нула. Не мора до -30, може и до -15. За да можеме да одлучиме кој модел да го купиме.
Дали тоа што никој не ги споделува овие податоци, треба да заклучиме дека вредностите не се нешто посебно и се дури и послаби од тие на конкуренцијата?