Планинарење

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Моја претпоставка е дека стигнала до домот во кој е сликана. Поточно, тоа е само заклон на неверојатна позиција на гребенот. Инаку врвот е многу технички и бројот на годишни качувања е релативно мал или ете, помал од Мон Блан, кој е повисок. Многу веројатно е дека условите биле неповолни за качување и и било срам.
Јас не сум воопшто планинар, меѓутоа имам доста пријатели во тие кругови. До пред 10-тина, 15 години за планинар се сметаше човек со проблеми, лудак, социопат - што е тотално погрешно. Со фејсбук/инстаграм срањето што го фати народов, тоа стана cool, откачено, многу јако си проаѓаме, "си ужифкаме", хедонизам и слични говна, кои се тотално идиотски. Има луѓе што ги гледам што треба да им се одземе право на фејсбук и смартфоун воопшто. Девојчево е од тој калибар. Ова не е ништо страшно, туку среќа шо не улетала у некој амбис праејќи фотка за инстаграм.
Мои пријатели се спремале со години за вакви потфати. Одиш цела зима на тури по нашиве планини, се вежба одење во наврска, со цепин, техники на паѓање во провалија, бајли...и се погодува баш таа недела кога резервирале во домот да фати циклон, лошо време, лавини од снег и камења, воопшто горската служба да ја "затвори" планината за качување - си се враќаш ко попче, штедиш нови пари и чекаш нова прилика. Никој не ти се смее, не ти се потсмева, затоа што тоа е лична борба со виша сила, а не пост на фејсбук.
Луѓево се чудо.
Мислев дека планината го праи чоек поголем чоек, поголем филозоф, помудар, ама не било со сите така.
Девојчево нека емигрира сеа или нека се закопа со оваа тешка и непотребна глупост што ја приреди.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.256
Александар Кирковски со брзинско искачување го искачи и симна врвот Аконкагва (највисок врв во Јужна Америка - 6962м) за 9 часа и 52 минути.
Браво Алек, браво и за дечките кои беа со него, кои исто така го искачија врвот, меѓу другото како логистика за Кирковски. Ова е одличен подвиг, нека биде инспирација за генерациите што допрва доаѓаат.

52144326_10161343016585133_6043931876475797504_o.jpg
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не би да сум хејтер. Успех е, секоја чест.

Моментов со брзиниве некако не ми е сфатлив. "Сам си мерам, сам си победувам". Штом нема независен тајминг, дефинирана почетна и крајна точка, пропозиции дадени од организатор и слични детаљи од тој карактер шо се пресудни (според мене барем...од типот кратење патека, носење или неносење некоја опрема исл.) некако ми нема логика.
Многу скоро, Аконкагва ја искачи д-р Кедев без некоја особена помпа и медиумска покриеност, што особено ценам. Кардашијанизмот во планинарењето е тотално непотребен и некорисен....а и во се' друго.

За спортскиот подвиг - качувањето, секоја чест.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
Руен на Осогово. Највисок врв на оваа планина (2252 м.), а воедно и во цела источна Македонија.


Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
932
Поени од реакции
2.912
Скоро полачасовно уживање на документарецот кој ни го приреди Al Jazeera за убавините на Пелистер и областа околу него.Кој уште го нема посетено нај топло препорачувам да одвои 2 дена и ужива во благодетите кои ги нуди ова планина.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Викендов ова на Кораб?

Сакам јуни, јули на водопад да одам, ама јазицине под Кабаш долго ќе седат...ќе треба со дерези сред лето...

Викендов било и летното на Титов...јас не бев у држаава...може некој да сподели...
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
Викендов ова на Кораб?

Сакам јуни, јули на водопад да одам, ама јазицине под Кабаш долго ќе седат...ќе треба со дерези сред лето...

Викендов било и летното на Титов...јас не бев у држаава...може некој да сподели...
Ова викендов бевме. Но малце ги потцемивме условите поради тоа што бевме на Љуботен минатата недела и мислевме нема да има до толку снег, па не земавме ни гамашни. Стигнавме до Кепи Бард каде веќе имаше многу снег, а на Голем Кораб се собраа толку многу облаци, што ништо не се гледаше. Криво ми е малце скоро до крај стасавме, ама ќе има реванш . Среќа се вративме на време, таман се спуштивме во Стрезимир и почна да врне.

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Љуботен е поекспониран и побрзо останува без снег. Кораб знае и во август да има некое останато парче снег затоа што се стрмни падини со големи сенки и долови во кои се собира повеќе снег зимно време.
Компромисот е тој - ако има снег, водопадот е лепота, ама тешко е за движење, а не иде у зимска опрема да одиш пошо доле е пекол топло. Зимно време патеката е многу опасна заради лавини и нема водопад.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Извинете ако не е прашањево за тука,нешто прочитав дека загинале планинари на Монт Еверест поради метеж.После видов слика како колона од можда 200 планинари залепени еден до друг чекаат 20 други да се симнат,па првите у колоната да се качат.Нормално е такво нешто?Значи толку мизерно изгледа на фотката,таков еден подвиг да изгуби значење.Веќе постојат хеликоптери што можат на таа висина да летаат,така да не би бил изненаден за некоја година да почнат тури да носат.Брука.За тони ѓубре планинарите што оставаат зад себе ич муабет не ми се прави.Бог да чува,гужва на Монт Еверест
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Со години е така.
Британските и австралиските туристички компании го стопанисуваат врвот. Имаат базни кампови во кои може да се најде и од она еспресоно што го кака таа мачката, специјалитети од храна...таму одат веќе луѓе што немаат искачено ни рид како Водно.
Спортските качувачи се бесни на тоа, ама непалските власти сакаат да излезат во пресрет на шерпасите кои се, многу веројатно, добри, ама и многу сиромашни луѓе. Така да, многу е тешко да за самостојни експедиции да одат и често доаѓа до конфликти. Во Reel rock изданието пред 2-3 години имаше дел одвоен за инцидентот во кој веќе покоен Ули Штек и Симоне Моро за малку ќе настрадаа од бесните шерпаси кои им ги каменуваа шаторите и сакаа да ги линчуваат. Овие двајца тргнале да се качуваат без наврски и неколку пати им влегле опасно во нивните зони, иако Ули качуваше често и по насоки кои воопшто не постојат....така и загина, на соседниот Лотсе, падна во провалија.
У секој случај, светов ќе го уништи комерцијализација, алчност за пари и све што е капиталистички начин на поимање и перцепција на работите.[DOUBLEPOST=1559050944][/DOUBLEPOST]Еве ја сликата...све кажува, мизерија.

Поалчни и мизерни суштества од луѓе - нема!

D7VtjTOXkAITeUT.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom