baram 7 dusi da otvoram Dukan
Магијата на топчето под трите кибритчиња...
Секој ден можеа да се видат на левата страна од Камениот мост како го отвараат „дуќанот“ на измамата. Фирмата им е високо истакната и речиси нема човек кој не ги знае дека тоа што го работат е ништо друго освен измама. Хмм, речиси нема човек. Од памтивек одлично се организирани и ништо не менуваат во тактиката ниту во стратегијата. И зошто би менувале? Измамата им носи солидна заработувачка, затоа што и ден-денес постојат луѓе кои наседнуваат на нивните измамнички финти, а тие од тоа живеат. Кога ќе поминев покрај нивниот „дуќан“, секогаш се прашував како е можно со една стара и добро позната измама да се заработува со децении, можеби и со векови? Како е можно сè уште да се наоѓаат луѓе кои им го посетуваат дуќанот? Но, ете, можно е...
„Дуќанот“ на измамата не може да функционира без најмалку седуммина, ми раскажуваше “газдата“ на еден таков скопски „дуќан“. Двајца чуваат „стража“ и го алармираат центарот на измамата ако од некаде со појави власта, милицијата, пардон, полицијата, еден ги врти кибритчињата со топчето од згужвана алуминиумска фолија и ги повикува минувачите да погодат каде се крие, четворица, меѓу кои секогаш има и еден господин со скапо одело, гланцнати чевли и актовка, небаре е во прашање бизнисмен или адвокат, ја почнуваат играта на старата измама. Играат помеѓу себе, и доволно гласно викаат за да ги чујат потенцијалните жртви помеѓу минувачите. Тие, четворицата, секогаш добиваат, секогаш погодуваат каде е топчето, сè додека и тие не му се с’снат не некој јабанџија кој ете, гледајќи во нив како лесно заработуваат 50 евра ќе прифатат да погодуваат каде е топчето за 100 евра. Жртвата веќе знае каде е топчето под кибритчето, и си вика, полесно здравје, ја прифаќа играта. Кога ќе му го отворат кутивчето, кога ќе види дека таму каде што било топчето го нема, с’скачиве ќе почнат на глас да го обвинуваат „муштеријата“ со гласни констатации дека избрзал и згрешил. „А бе ти реков ли не таму човече, па нели ме виде кога ти покажав во другото кутивче, аман бе господине што направи? Играј му сега на 500 евра, ем ќе си ги повратиш загубените, ем ќе ќариш, а јас ќе бидам тука до тебе и ќе ти помогнам“. И така...
Бели за себе велеше дека од „раѓање“ е со овој занает. Познат им е на сите скопјани. Речиси на сите. Полицијата одлично го познава, но, Бели нема друга професија, или попрецизно, не сака да се занимава со друг занает. Ми носи добра заработувачка, велеше, а казните за тој вид на измама не се високи, па и паричните и кривичните се издржуваат, се поднесуваат. Тие, казните, во овој мој занает му доаѓаат нешто како минимален данок кон државата кој некогаш мора да се плати. Додека сум јас „внатре“, (во затвор), „вработените“ секој ден го отвараат „дуќанот“, мораат, инаку нема да имаат за леб, нема да имаат за живот, а од нешто мора да се живее...
Ако го сретнете Бели на улица, во кафеана, каде било, ако се затекнете со него во муабет, за политика, историја, филозофија, никогаш нема да помислите дека овој наконтен и елоквентен господин е главниот заштитувач на древната традиционална измама, „топчето под трите кибритчиња“. На прашањето, кога се заработувало повеќе, тогаш, во она време, или сега, Бели со тага констатира дека, феноменот на немаштијата и сиромаштијата кај народот е период за најдобрите заработувачки од неговиот „занает“. Тогаш луѓето се подготвени и последните пари да ги вложат во мојот „дуќан“ за побрзо да заработат, за подобро да ја поднесат сиромаштијата, и, уште повеќе заглавуваат. Во богатите средини, луѓето најчесто нè одминуваат, или ќе остават некое евро заради забава, но, никогаш не остануваат до крај, не вложуваат сè. Македонија е во таков период, кога само измамниците можат да заработуваат. За мене, продолжува Бели со муабетот, оваа ситуација ми одговара. Мојот „дуќан“ работи турбо, а има и сиромашни и наивни, дал Горниот. Со таквите успеваат измамите...
Пред три години, само што го отворивме „дуќанот“ на Камени, влегува млад господин од Кавадарци. Дошол во Скопје да купи мотокултиватор. За еден час, ги остави сите пари, повеќе од 3.000 евра. Сè до последната петстотка веруваше дека ќе се поврати и дека ќе ќари. На крај, кога остана без ебана банка во џеб, и почна да цимули, му позајмив 50 евра за да може да касне нешто во градов и да се врати дома. Парите ми ги врати после два месеци, ама и ден-денес ми се јавува на телефон за да ми се заблагодарува што сум му помогнал, за постојано да ме кани на гости кај него, и постојано да ми се колне дека никогаш во животот нема да заборави дека сум му помогнал, дека сум му се нашол во зорт. Што друго, и што повеќе да ти кажам друже Anco. Мамичето му го ебавме, му ги испразнивме џебовите, го остругавме до гола кожа, му дадов трошка од неговите пари, а тој, замисли, и ден-денес ми се заблагодарува, среќен е што ме познава, што ме има. Затоа ти викам, ова е време на измамниците и измамите, од горе до доле. Отидов да работам, друже Anco, од нешто мора да се живее...
( za iformacija Beli pocina minatata godina)