Има еден куп шпекулации за играчи. Ми се чини и сагава со детево од Бенфика, Феликс со наводно тоа дека сме спремни 100+ да спукаме може да биде добра патка. Има интерес за него и од други тимови, но во моментов ние сме јака мамка за да креваме цена на играч и нема да ме чуди и тоа да се случува. А можеби има пак стварно вистина.
Од друга страна би почекал да видиме што трансфери ќе понуди Оле овие недели. Дали ќе се покажат за точни тие шпекулации дека не би одел на ѕвезди и би одел со свежа крв која има потенцијал.
Има солиден број на играчи кои спаѓаат во таа група на млади и гладни играчи да се докажуваат кои моментално се тие средни тимови во ПЛ. Ете со некои и веќе на поврзуваат. Ван Бисака десно, Сесењон лево во одбраната. Би сакал дасе реализираат тие двајца и би поминале ефтино со оглед на тоа што Сесењон има уште една година договор. Би сакал да се обидеме и со играчи како Невес и Рајс за во средина, со поофанзивни опции во Медисон и Брукс од Борнмут. Ете и Џејмс како веќе скоро реализиран трансфер. Како играчи кои се “позрели“ во ПЛ, а исто гладни за на големата сцена би ги издвоил и Заха, но и Фрејсер од Борнмут кој е многу вреден играч и од клупа може многу да помогни. Мегвајр мислам дека го пропуштивме лани, но мора да се замешаме зошто и би чинел помалку од еден Коулибали на пример, а е веќе етаблиран во ПЛ и гледам простор за напредок. Неслучајно Пеп го бара како замена за Компани.
И надвор од ПЛ има играчи ко би ги ставил во овие списоци. Ќе почнам со Де Лихт (Лигт како и да е), Тирни од Селтик, Санчо, Ндомбеле, Ауар од Лион, Хаверц и Бејли од Леверкузен, Малком од Барса, Родри од Атлетико Мадрид, Ло Келсо од ПСЖ, Киеса од Фиорентина, Барела од Каљари, Фабиан Руиз од Наполи. Млади играчи кои имаат сериозен простор за напредок. Би ги додал и Зијех и Ван де Бек од Ајакс, како и Лозано од ПСВ. Прашалник е кај нив колку би се снашле во ПЛ и Јунајтед, но се работи за солидни играчи со простор за дополнителен напредок.
Играчи кои горе долу некои би чинеле висок износ, некои и би поминале и поефтино. Секако ако е таа трансфер политиката на клубов ми е муабетот. Веќе ми се крева коса кога читам како сме спремни 100+ да пукаме. Како би се вмешале и во такви шеми и за Бејл или Кутињо. Настрана што би чинеле солиден износ, ќе ни се повтори маката со Санчез и во поглед на платите. Од актуелните шпекулации Феликс е топ проспект и стварно може да биде бомба трансфер доколку му се реализира потенцијалот. Коулибали е исто одличен стопер. Но пак ме јади тоа дека може да спукаме 100 + за некој од овие и ПЛ и потенцијално блед Јунајтед да им го земе скалпот за високиот износ.