Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења!?

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
^^
По твоjaта логика, Бугарската екзархиja требало да иде - словенаска екзархиja.
Хубаво ама била обвинета во етнофилитизам.
Тоа ти е прост пример каква глупост ти е тезава - бугарин терминот се користил за словен.
Треба ли да гледаме подписите разликата, подчерк например. Бре,бре како жена почнал да пише Киосето, а 1943 подписот му разкривен. Бре,бре,бре...коj кого лаже.
Плашам се дека и от вашиот архив има издадени документи, каде седи нешто друго,а со фотуснота отдоле е обеснено како да се чита. :)
А за тоа коj што опишал, прашам се дека парите за антиквизациjaта завршиха, но па си получиха стипендиите, каде по Полска,каде другаде.
Не требало да биде словенска не извртоперувај, никаде не сум рекол такво нешто. Јас само ти пишав какви све етноси биле нејзини припадници, а самата егзархија малце покасно беше главен столб за заокружувањето на изградбата на бугарската ПОЛИТИЧКА/ГРАЃАНСКА нација. Тоа дека биле обвинети за етнофилетизам пет пати го повтори, па за што друго треба да бидат обвинети? Кажи ми кои се овие од лево и од десно на сликата со бричени глави со коњски опашки, ако не етнички Бугари?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Ти сам не памтиш што си напишал .

Бугарин во тој период за масите значел православен христијанин од словенски произход (не грк). Затоа не ретко за тогашните „Бугари“ и рускиот цар бил „бугарски цар“.
Тоест бугарска екзархиja била словенска?!
Била ли екзархиjaта национална црква ?
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Ти сам не памтиш што си напишал .

Тоест бугарска екзархиja била словенска?!
Била ли екзархиjaта национална црква ?
Незнам зошто само се дозаплеткуваш во мрежата која сам ја ткаеш. Сигурно кога Балан кажал дека Бугарите и рускиот цар го именувале како бугарски цар, заради неговата православа вера, не мислел дека тоа го прават затоа што е припадник на егзархијата :facepalm:

Терминот Бугарин е постар од Егзархијата, но не означувал етноним, туку припадност на граѓанска нација по урнекот на милет системот. Друго прашање е што скоро никој од територијата на Македонија, кој се самоидентификувал како Бугарин во 19 век, својата етногенеза не ја поврзува со припадниците на средновековниот етноним Бугари.

Е сега кога се работи за поимањето на политичките/граѓански нации проф. Росоклија брилијантно ги објасни работите:

Појдовна основа на бугарските историчари е еден идиотски концепт кој го слушам откако сум роден, а роден сум од родители Македонци во срцето на Скопје, главниот град на Македонија, дека јас национално не сум тоа што сум, Македонец, туку дека сум Бугарин, затоа што Гоце, Даме, Јане…се чувствувале македонски Бугари.

Тоа е исто како на Американците да им кажете дека не се Американци туку се Британци, затоа што Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и компанија, татковците на нацијата, биле и се чувствувале Британци.

Да, биле Британци но нивните акции довеле до создавање американска нација која нема намера да се враќа на ,,своите корени“ и Американците да стануваат Британци.

Идејата и борбата на Гоце, Даме, Јане…за автономна Македонија, генерациите после нив ја реализирале создавајќи нѐ автономна туку самостојна Македонија, а ние продолживме на таа самостојна Македонија да и ја создаваме историјата како Македонци, не како Бугари.

Проф. Росоклија: Појдовна основа на бугарските историчари е еден идиотски концепт кој го слушам откако сум роден | opserver.mk
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219
Незнам зошто само се дозаплеткуваш во мрежата која сам ја ткаеш. Сигурно кога Балан кажал дека Бугарите и рускиот цар го именувале како бугарски цар, заради неговата православа вера, не мислел дека тоа го прават затоа што е припадник на егзархијата :facepalm:

Терминот Бугарин е постар од Егзархијата, но не означувал етноним, туку припадност на граѓанска нација по урнекот на милет системот. Друго прашање е што скоро никој од територијата на Македонија, кој се самоидентификувал како Бугарин во 19 век, својата етногенеза не ја поврзува со припадниците на средновековниот етноним Бугари.

Е сега кога се работи за поимањето на политичките/граѓански нации проф. Росоклија брилијантно ги објасни работите:
Сакаш да кажеш дека и православните албанци си се викаа бугари?
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Сакаш да кажеш дека и православните албанци си се викаа бугари?
:tapp:

Еден огромен дел до православните албанци се викаа Грци, арванити иако не знаеа ни збор грчки. Некои од нив и гинеа за Грција и повеќе од самите Грци, ама тоа не ја прави нивната етногенеза грчка. Дали тоа Патријаршијата била главен фактор или имало и други побуди... е долга тема за разговор која во моментот е off-topic.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Е де на каков јазик пишувал Мисирков:
1905… Весниците “Дебaр” и “Вечерна пошта” го најавуваат печатењето на списанието на Крсте Мисирков “Вардар”, на македонски јазик.

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Чудно е зашто се зборувате за 1 реченица, казана во некоја смисла, при разни околности, а не зборувате за 10 милијарди други реченици? Јордан Хаџи Константинов - Џинов пишува дека Јустинијан бил Бугарин и што сега?

Дали знаете што е нивото на писменост на мнозинството луѓе кои живееле во 18 и 19 век во однос на средновековната историја? Јас ќе ти кажам - речиси нула.

Како го нарекува јазикот Пеичиновиќ? Браќа Миладинови? Рајко Јинзифов до каква мајка пишува - до македонската? Кузман Шапкарев? не пишува ли Прличев "ние Бугарите" во неговата автобиографија? Дури и Пулевски, кој се води македонист пишува "Через назе да ни разделит, од нашии браќа Бугари". За Македонецот на 20 век, К.П.Мирсирков да не зборуваме. Прочитајте ги писмата на Димитар Миладинов, кои се многу интересни и се пишувани пред создавањето на Бугарската егзархија - стотици страници.

При се ова, вие сте фатени во една реченица, во многу случаи во сосема поинаков контекст.

Инаку, јас се согласувам со проф. Росоклија. Не е соодветно современите Македонци да се нарекуваат Бугари, само "затоа што Гоце, Даме, Јане…се чувствувале македонски Бугари." Темата е како се нарекувале и не е за сегашноста, туку за минатото. Проф. Росоклија зборува за сегашноста - дека сега не ОК.
Прво, таа 1 реченица е под кристално јасни околности напишана. Таа е јалов одговор на Балан контра шах-мат мајсторот Мисирков, кој во случајот самиот се наместил во мат позиција. :icon_lol: Примерот со Џинот и Јустинијан ти е малку глупав, бидејќи не се работи за современици, како во случајот со Бугарите и рускиот цар (т.е. бугарски цар).

Е сега мала анализа на твојот пост и фамозните 10 милијарди други реченици.

Прво се расфрлаш со имиња... Џинот, Пејчиновиќ, Жинзифов, Шапкарев, Прличев, Пулевски, Мисирков, Миладиновци... се ликови на романтичнот 19 век, кога се градеше и изгради бугарската граѓанска/политичка нација. Од првиот до последниот кои ги наброја преку сила еден век растојание има. А некако слабо копате подлабоко, и ако копате вадите само термини „Бугарин“, „бугарски“ кои означуваат егзо-етноними, а не и самоидентифицирање. Еве како, Македонците од Велестово (Охридско) се самоидентификувале во 13 век.

[DOUBLEPOST=1558836976][/DOUBLEPOST]
Е де на каков јазик пишувал Мисирков:
1905… Весниците “Дебaр” и “Вечерна пошта” го најавуваат печатењето на списанието на Крсте Мисирков “Вардар”, на македонски јазик.

Немој со вакви удари под појас. :D Бугарин кога ќе прочита „македонски език“ пред 1945, можи да заврши во шок-соба на ургентна. :ROFLMAO:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
" Запрашај еден од овие Македонци што е. Тој сeкако нема да му каже на еден сојузнички војник дека е Бугарин. Ниту ќе му каже дека е Србин или Грк. Тој не знае кој може да го слушне или што може да му се случи доколку јавно се одреди што е, во случај Бугарите да се вратат. Тој веројатно ќе се насмее и ќе рече дека е Македонец. "

(R.G.D. Laffan, C.F., “The Guardians of the Gate,” 1918, pg. 66.)

1582868549382.png
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
"...Изгледа дека дојде времето да се коригира фаталната грешка на европската дипломатија, која, во одререн временски период ја дозволи поделбата на Македонија меѓу три мали балкански држави. Ова никогаш нема да може и нема да биде прифатено од македонските патриоти. Факт е дека колку и Бугарите да сметаат дека Македонија е нивна, Македонскиот народ дефинитивно декларира дека тие не се ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку само Македонци со свој јазик, или посебен дијалект, со своја историја и со сопствена самосвест, и дека тие сакат да живеaт независен национален живот. "

(Daily Review of the Foreign Press, Series 2 - No. 161, Monday, October 2, 1916)

1583381512061.png 1583381529485.png
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
607
Ова е нешто од пред две години, веројатно се дискутирало во некоја група на форумов, но овде во пропагандиве гледам не.

Милош Биковиќ, најпопуларниот актер од кај северниот ни сосед, кога дедому (роден Беровчанец) се доселил во Србија се презивал Биковски, но ете тој имал ептен големо уверување дека е србин (бидејќи доаѓал од Стара Србија) и си го променил презимето во Биковиќ бидејќи Тито така рекол!

Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
607
“Хора од блгарски произход“ во Тирана. Си имаат некаква мака луѓето и тоа софија го искористува. Малку чудно е како тие “бугари“ се доселиле во една зграда во Тирана која треба да се руши. Има и еден кутар човек кој очигледно тој што снима прво го прашува дали и тој е “бугар“. А луѓево се титлуваат, освен еден извесен Гентиан Коли, кој очигледно живее и работи во Бугарија, па бидејќи само тој знае бугарски го зеле за портпарол. Изгледа блгариве не ја владеат добро “македонскава литературна норма“.

Ф

Флеш

Гостин

затоа глупи ќе останат
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
607
Уште еден однароден Македонец од Албанија кој “винаги“ се чуствувал како Татар. И тоа го докажува со дури два збора кој тој ги говорел во Мала Преспа а се говореле и во Татарија.

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom