Бар од жири да тепавме, да имаше со што да се курчиме.
Bar da tepavme vo zhiri glasanje, Slovencite zaebaa rabota.
Во полуфинале сме победиле од жири, пред Шведска.
Ова е класично мочање на сите што гласаја.
До година најубаво само овие скотови у публика нека одлучуваат..
Колку е само неточно напишаново. Да беше: Ова е класично мочање
на сите жирија. До година најубаво само
овие скотови што гласаа да одлучуваат.
Да било ова пред само 3-4 години по стариот систем ќе сме завршеле 15ти.
Како и да е испаѓа дека тоа што го сменале системот се дава пореална шанса за музичките вредности од жиријата што си ги составува секоја држава. А песната според мене ако не најдобра тогаш сигурно беше во топ три. Така да врти сучи нас народот не не гласа, ниту имаме салам дијаспора ниту некој не знае
Во секој случај не е лоша ваквата еуфорија да те зафати да те здрма малку. Секоја чест Тамара, феноменален настап.
Моменталниот начин на гласање е воведен во 2016. Од тогаш посебно се даваат гласови од жири, а посебно од публика. Годинава е сменет само начинот на презентирање на гласовите од телевотингот - до лани се презентираа од последнопласираниот според телевотинг, до првиот според телевотинг, годинава од последнопласираниот според жири, до првопласираниот според жири. Ако беше според ланскиот систем на презентирање, кога ќе дојдеа до 12 место, ќе ни кажеа дека сме освоиле само 50-тина гласа, подоцна исто на Шведска ќе и кажеа дека има деведесетина, и на крај тензијата за тоа кој е победник ќе беше меѓу Холандија и Норвешка кои беа 2 и 1 од телевотинг, а не меѓу нас, Холандија и Шведска. А резултатите на крај пак ќе беа идентични - ние на осмо место.
Е сега, од 2009 до 2015 прво се собираа заедно посебно, држава по држава поените и од жири и од телевотинг, и на крај се презентираа, како еден сет поени од секоја држава. Ама не верувам дека би имало толкава разлика за со тој систем да бидеме 15. Не знам.
Значи, само 58 патриоти у дијаспората има
значи само 58 името не го дават
Sent from my iPhone using Tapatalk
58 поени имаме од публика, а не 58 гласа.
Фала за Тамара што овозможи конечно да дочекам да бидам возбуден за време на гласање за Евровизија исто како да гледам утакмица. Мислам дека несвесно тупкав во место кога ги чекав поените од телевоутингот.
Супер пласман е ова да се разбереме. Не може да мрчиме кога години претходно сме имале брука настапи и пласмани. Најмногу ми направи ќеф 12-ката од Велика Британија. А и браво што го сменија начинот на гласање. Вака е далеку пофер, да има и жири и телевоутинг. Се гледа дека кај жиријата нема многу влијание кој со кој е комшија. Кај телевоутингот тоа тешко ќе се искорени.
Не е сменет начинот на гласање. Истиот начин е уште од 2009 - од тогаш има и публика и жири. Во 2016 имаше мала промена во презентирањето на гласовите, и сега пак, има само промена во презентирањето на гласовите, а не во начинот на гласање.[DOUBLEPOST=1558288381][/DOUBLEPOST]
За гласањето, осмово место е ради жирито, да го тераа ко пред неколку години, пак ќе се баравме во втората половина на табелата. Арно им текнало.
Абе луѓе, сериозно не ве сфаќам што ви е поентата со ова со жирито. Уште од 2009 има и жири и публика, ни нешто се сменило, ни бутур!