Немам веќе стварно коментар...
Што велат во Монти Пајтон: - " Кралот е мртов.......Да живее кралот".
Да направиме споредба на фудбалов со ракометот. Сите знаеме дека германското натпреварување е најкомпеттитивно на ниво на европа. Има 4 или 5 екипи кои се борат за титула.( збориме одлични екипи) Од друга страна ги имаш Вардар кој не игрс во домашно првенство. Барса која до моментов има само 1 бод загубено во домашно првенство. Киелце исто како Вардар. Веспрем кој во домашно првенство едини ривал им е Пик Сегед.
Оваа година во фајнл фор Нема ниедна германска екипа а во последните 6 години( со оваа) германска екипа нема освоено ЛШ во ракомет.
Е сега, одговори ми на овие прашања.
1. Приоритет на германските ракометни клубови кога стартува сезоната им е да освојат домашно или ЛШ? ( хинт : Англиска премиер лига)
2. На веспрем и Пик Сегед приоритет им е домашно да освојат или ЛШ? ( хинт: Шпанска ЛаЛига)
3. Вардар, Киелце, Барселона, ПСЖ итн... приоритет им е да освојат домашна или ЛШ? ( хинт: Германско, Италијанско, Шпанско..)
4 Кажи ми ти мене кога ќе дојдат четвртфиналињата во ракомет ( фудбал) каде што Вардар Киелце Веспрем, Пик Сегед, Барса ПСЖ ( хинт: во фудбал Јуве ПСЖ Баерн Барса или Реал) им се освоени титулите во домашните првенства а во германската ракометна лига( хинт: Премиер лига во фудбал) се уште се борат за шампион во домашно првенство, НА КОГО МУ Е ПОЛЕСНО ДА СЕ ФОКУСИРА НА И ПРИПРЕМА ЗА ЛШ? ДАЛИ НА ТИЕ ШТО ОСВОИЛЕ НА ПОЛУСЕЗОНА ДОМАШНО ПРВЕНСТВО ИЛИ НА ОНИЕ ШТО ТРЕБА ДА МИСЛАТ И НА ЛШ И НА ДОМАШНО ПРВЕНСТВО????
Мака ми е секоја година да се објаснуваме на оваа тема со луѓе кои ја гледаат само статистиката а не и околностите врз база на што е направена таа статистика!