Што кога е зафатен/а?

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Замислете ситуација, постои некоја девојка која сакате да ја легнете, али таа во моментот е во врска со некого, може и брак.
Што правите?

а. оставате евентуално нешто самото да се случи, што е прилично неверојатно, тргнувајќи од тоа дека тие се среден/среќен/супер пар, да претпоставиме..
б.креирате некаков план што би требало да кажете, како да изреагирате, кои методи да ги искористите за да ја оддалечите од дечкото/мажот, како да го насочите нејзиниот фокус кон вас и сл.
в.ги оставате да си живеат и со тоа се лишувате себе си од можноста да видите како би било со неа/него, али проценката ви е дека доброто од таа постапка е посилно од алтернативата, па и да ви се даде шанса, џентлменски ќе одбиете.
Г. Нешто четврто?

П.с. девојките нека заменат девојка со дечко, ме мрзеше да ставам / цело време
 
б.креирате некаков план што би требало да кажете, како да изреагирате, кои методи да ги искористите за да ја оддалечите од дечкото/мажот, како да го насочите нејзиниот фокус кон вас и сл
ете ова би го направил:bip:
 
Ти Никола што би направил? Баш ме интересира.
 
г.
едноставно ке си бидеш ти .. малце дружба, ово-оно ... и ако си пофраер ќе ја добиеш, ако не ... шо ќе праиш бачко... тоа ти е :)
 
Никогаш не се откажувам независно од статусот на врската на спротивниот пол. Биди ти, и евентуално ако е така пишано се ке биде ОК.
 
У принцип, сакам чиста ситуација. Затоа, ако е во некоја озбилна врска одам понатаму.
 
Mrazam da rasturam vrski,taka da stom doznam ke se otkazam u start.Pa ne e samo toj eden edinstven na svet,ke baram druga zrtva:)
 
Замислете ситуација, постои некоја девојка која сакате да ја легнете, али таа во моментот е во врска со некого, може и брак.
Што правите?


Тууууу, ама сите се расприкажале врски, врски...:blabla: Абе човекот прашува само за легнуење бе, еееее Никола па не те разбираат :pos:

Што има да ми е битно ако бил во врска, сериозна или несериозна, брак итн...одам на точка Г од понуденото. Ако до толку некој ми запнал за легнуење, правам директен пристап. Можам само да добијам: него или корпа...нема трето :wink:



 
в.ги оставате да си живеат и со тоа се лишувате себе си од можноста да видите како би било со неа/него, али проценката ви е дека доброто од таа постапка е посилно од алтернативата, па и да ви се даде шанса, џентлменски ќе одбиете.

Не сакам да ми се меша некој во врската, па зато нема да се мешам ни јас.
 
Доколку би запознала некој дечко кој е во врска или брак, а низ запознавањето увидам дека е среќен со неа и ја сака не верувам дека би ми фатил око. Од старт ми е забрането овошје и колку и да ме привлекува физички, психата ќе ми е појака и нема да преземам ништо.
Е сега, доколку приметам дека истиот тој не е среќен во врската (брак е покомплицирано, не се мешам таму), а ме привлекува многу и гледам дека му е добро со мене, ќе оставам се да си оди спонтано и нема да го одбијам ако ми се пушти некако. Прв чекор нема да направам од проста причина што неможам да сум сигурна што тој мисли и колку е точна мојата претпоставка ... ако тргне тој кон мене, значи сум била во право и во ред ќе е.
Вторава ситуација може да трае многу кратко време доколку не раскине веднаш со другата девојка ... ако не раскине значи сум му некоја секси играчка, што е многу омаловажувачка ситуација за мене и во момент може да направи не само да го отсакам туку и да го замразам.
Значи само за легнување не прифаќам никако ... одговоров е за ако ми се свиѓа некој за понатамошна врска:star: :icon_lol:
 
Ако е зафатена и тоа да не е со некој мој другар/пријател/познаник без проблем може да се впуштам, доколку и девојката сака нормално, ама у секој случај пвро едно добро разјаснување на ситуацијата дека сето тоа е "One Night stand" или „без обавеза“.Сите ние луѓето сме такви што туѓото е послатко....
 
Најбедно е кога ти приоѓа тип, му кажуваш фино дека имаш дечко и типот станува замор тежок и почнува да те дави со клиширани мачо муабети у стил на „е ако де, и јас имам девојка али сепак ти си многу слатка”. Е кур што ќе легнеш овака некоја, стварно ви викам откажете се од намерите и најдете друга.
 
KOGA KE ME VIDI SITE KE GI OTKACI I KE DOJDE KAJ MENE
 
Најубаво е кога е некоја девојка во врска. Јас никогаш не сум сакал да им ја растурам врската, мене таа девојка не ми треба за долго, доволно е извесно време.
Може да му се вратат после.
Девојките кои се подолго со некого, тој им станува навика. Врската најчесто им станува досадна и остануваат заедно бидејќи во природата на повеќето луѓе е кога ќе се сместат некаде на удобно, да се заборават.
Се надевам дека утре кога ќе видите некоја девојка која ви се допаѓа, дека нејзиното имам дечко нема да ве поколеба. Не се плашете. Ги имате истите права да ја имате таа девојка, кои ги има и нејзиниот дечко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom