Едно размислување...
Еден хектар (изнајмени, добиени од државата, купени, наследени....) близу до ел мрежа.... во гевгелиско, штипска околија, Св николска... или северно од Охрид... (најдобрите локации во МКД) според експерти од World Bank (мапата)...
Четворица по 25,000 Евра, или нели други комбинаторики тројца по 33К двајца по 50, или еден) + 200,000 кредит од европските фондови (за инвест, во еко-енергија те обновл извори)... 300К Евра, клуч на рака = 500kW фотоволтаик - мини соларна централа од пола мегават....
Турција Шпанија Кипар Грција само на југот (островите) се држави со подобри услови од нас, со над 1500kW/h kW/p....МКД со споменатите региони спаѓа во државите со најповолни услови за solar PV во Европа (некои други мапи велат и до 1600kW/h максимум).... а како држава аспирант, обврзани сме во некој период до 2025та да обезбедиме 20% од вкупната енергија од обновливи извори (вода сонце ветер)....а до 2050та 100% енергија од обновливи...
Прегледај го приврзокот 208005
Но, новиот закон за енергетика е направен само за големи играчи кои можат да искешираат 1, 2 или 3 мил Евра, при што такви инвеститори добиваат субвенции во вид на: бесплатни локации: во околина на М Брод (иако баш таму не гледам премногу црвенило на картава) и Св Ноколе, инфраструктура со ел мрежа, бандери, трафа-мафа ...како и премиум тарифи (што и да значи истотото).... и тн и тн. Но и без повластици, дури и по продажба по пазарна цена, со падот на цените на опремата.... мислам дека е исплатива како бизнис, велат познавачите: поврат на инвестицијата 5-7 год, а трајноста на опремата 20-30 години... Србија на пр. е со многу полоши услови (нивната карта е зеленило и жутило освен самиот југ кај Врање, Прешево)... а не верувам дека имаат многу поголема откупна цена од нас (дури мислам и пониска)... но имаат многу повеќе фотоволтаични мини централи ... се разбира зборувам за комерцијални, не оние на кровови микро од 2-5kW наменети за семејства....