ВМРО ја смали уписнината на факултет од 1000 на 200€. А што направи СДС за студентите?
Како студент на ПМФ/Биологија - Екологија, не само јас, целиот факултет во целина, сме биле крајно разочарани од политиките што ги водеа во тоа време. Неморам да ти набројувам, изгуглај си по нет. (Или отиди до ПМФ, види у какво стање е.) Колку за пример:
2016 се извади труд за квалитетот на вода на Дојранско езеро од 5 експерти, доктори + тим од 35 асистенти, лаборанти, студенти. 2 годишна анализа и разноразни мерења за различни параметри. Флора, фауна, планктон.. Извештај комплетен од 60 страни. Институт за јавно здравје по објавување на истражувањето, веднаш најави дека не се препорачува капењето во Дојранско и ќе се разгледаат понудените опции. По изјавата, тогашниот градоначалник помлад од мене (можеби уште е не сум сигурен), излезе на ТВ и почна да напаѓа како ова било сценарио за оцрнување на Дојранско езеро. Потоа Поп излезе со бебе како го бања во Дојран па и уште пие од водата. Се се заташка, се заборави на целото истражување. А поентата беше едноставна.. Проект план за спас на Дојранско езеро. Немавме намера да шириме некаква пропаганда, туку реална слика за досегашните верувања околу лековитоста.
Ова ти е само еден пример во текот на 5 годишно студирање. Пиши ПМ, можам 2 дена да ти раскажувам што имам „доживеано“ како студент кога се работи за еколошки проблеми.
А да бидам искрен, после 2ра година, студирањето ми беше од 600 до 800 евра (година), зависи од семестарот.