Со секои избори ми станува се’ појасно дека оваа држава - покрај тоа што е сиромашна, кршлива, без перспектива, корумпирана до максимум, место каде владеат олигарси, постојано жариште за конфликт - има и невидено прост народ кој дозволува да му сервираат се’ и сешто, а тој со задоволство да срка. Тоа е главниот проблем. Тоа е тоа што не’ кочи.
27 години истите ги гласаме, зар не е тоа бедно? А тие во нивните тактики за манипулација не сменија многу. Ќе влеземе во ЕУ, ќе влеземе во НАТО, ќе го менуваме или нема да го менуваме името, ќе даваме повеќе права на малцинствата или нема да даваме.
А кога ќе седнат во фотелји исти стануваат. Ги обединува таа желба за брзо збогатување на грб на народот. Народот што не може крај со крај да сврзе.
А на Твитер им кажуваат на оние кои не гласаат да не се распаметуваат. Епа добро тогаш, Ајнштајн. Иди ти гласај си ги. Само немој другите да страдаме заради твојот дебилен избор.
Всушност најдобрата можна иднина за оваа земја е убаво да не’ изракетираат дури ништо не остане од нас, па да не потрупаат со земја како радиоактивен отпад. Затоа што со него имаме доста заедничко.