- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.047
- Поени од реакции
- 12.588
Пред 15 години ќе се кладев на Сони на се` или ништо.Sony
Преценет бренд се - од гледна точка на телевизиската индустрија, во многу други области се одлични.
Но да го тргнеме тоа настрана, Vip TV Lite е дигитална терестријална телевизија и треба да дава добра слика и со и без рисивер, бидејќи пред се` е дигитална.
Единствен фактор кој може да придонесе за лоша слика е компресијата на сликата, но тоа се разликува од телевизор до телевизор и од рисивер до рисивер, во зависност од техничките спецификации. Но македонските телевизии воопшто не планираат да даваат пари за подобра опрема со цел да емитуваат програма во подобра резолуција, па затоа сликата би требала да биде иста и со рисивер и без рисивер.
Можеби треба да се направат некои дополнителни конфигурирања на телевизорот - на пример во менито да се одбере држава, за да знае телевизорот каква компресија да користи. За кабелските оператори вообичаено се бираат Германија и Полска, но тоа нема никакви допирни точки со Vip TV Lite.
Доколку можеш да најдеш во рисиверот на која држава е конфигуриран, ќе можеш да го конфигурираш и телевизорот на истата таа држава, па можеби ќе добиеш подобра слика.