Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Wizzair лета десет години оттука,срамота е уште вакви муабети.
:rolleyes:

И интернет имаш 30 години, ама те ти уште вакви муабети правиш.
А пак ако ти кажам дека белиот свет се грее со вентилтор само шо го разнесува воздухот од една соба во друга, ќе треба во асајлм да се затвориш после ова :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Неколку пати сум размислувал за ова решение, да се рециркулира воздухот од врвот на тогниот спрат, кон најниската точка на куќата. И тоа да си поминува преку филтер за прочистување. Многу едноставно, особено ако се направи при градба. Навистина е многу интересно решението со оглед на тоа што наместо да се таложи топлиот воздух на кровот (макар и изолиран) многу подобро е да се трансферира во најладната точка на куќата. Не е воопшто потребен некој голем проток, доволно е и мала количина на воздух да се пренесува. Бенефитите ќе се одлични, особено со по еден хиперинвертер на секој спрат за да надополнува загуби.
 
Мудра мисла:”Интернетот не те прави попаметен,само ја прави твојата(игноранс) видлива на сите”

Sent from my iPhone using Tapatalk
Неколку пати сум размислувал за ова решение, да се рециркулира воздухот од врвот на тогниот спрат, кон најниската точка на куќата. И тоа да си поминува преку филтер за прочистување. Многу едноставно, особено ако се направи при градба. Навистина е многу интересно решението со оглед на тоа што наместо да се таложи топлиот воздух на кровот (макар и изолиран) многу подобро е да се трансферира во најладната точка на куќата. Не е воопшто потребен некој голем проток, доволно е и мала количина на воздух да се пренесува. Бенефитите ќе се одлични, особено со по еден хиперинвертер на секој спрат за да надополнува загуби.
Одамна е измислено тоа,касниш 50 години.Единствен проблем е што е применливо само во објекти со висока енергетска ефикасност,ај па да неречам “пасивни објекти”.
 
Фала на исцрпниот одговор. Просторот што ќе се грее е на вториот спрат од куќа на 3 спрата кои што не се греат. Приземје гаража, 3 спрат карабин. Околните простории нема да се загреваат. Дрвени двојни прозорци и паркет 12с
Да не слушаш совети од продавачи и од форуми...Ако незнаеш колкави загуби топлински имаш на просторот тешко ќе погодиш и 5.5кв да земеш клима ќе имаш 5.5кв на ладење на греење потешко..Кога ќе правиш кујна викаш мајстор да ти измери и земаш по мерка!За жал на форумот -форумиви или продавачите не ја знаат твојата мерка (количината на топлина што треба на просторот)...Појака клима ако ја ставиш во простор каде што се седи под неа не ја бива дуват многу,ако пак мислиш да ја насочиш горе пак не ја бива! Треба да се читни нешто, а не да се слушаат совети од доктори или други членови кои немаат појма колкави загуби на топлина имаш..Два пати мери еднаш сечи,така викат!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: GT1
Не заебавајте дека светот се греел на клими, добра опција за сиромашни е ок, но да се тврди дека е најдобро решение и дека сите го користат, па и советите да се наредат по 3-4 единици низ цела куќа и да си ја претвориш во место каде ќе слетуваат авиони постојано не е во ред.
 
Ne e cudno sto se poveke gragani vo svetot se odlucuvaat da se great/ladat so inverter klimi i da pojasnam tie inverter ne se split sistemi tuku se sofisticirani toplotni pumpi so visok SCOP na greenje i vo razvieniot svet se poveke se pravat zgradi so sopstveni inverter klimi za adenje greenje duri ima i takvi za sanitarna topla voda
Taka da dodeka ke nas se trueme so drva moderniot svet se gree na najsovremen nacin a toa e
  • inverter toplotna pumpa ( so moznost za parno radiatori ili fenkuleri )
 
Топлинските Пумпи-ТП ај да неречам се во мода но побарувачката е зголемена последниве 2 години.
Чисто информативно ке кажам дека постои можност за субвенција за овој начин на греење/ладење за оние што незнаат дека постои таква можност.
За ТП GEFF доделува до 20% поврат на средствата кои се зимаат преку кредит од пар банки (мислам дека се две банки), едната знам дека дава кредит со рок на отплата до 8год. Или тоа би значело дека за пумпа од 4000евра со 20% поврат би коштала 3200евра и ратата на 8год би изнесувала некои 30евра месечно. Ова паушално го пресметав најубаво да си прашате по банките кои соработиваат со ГЕФФ.

Но треба да се знае, дека за да се добие поврат на 20% од инвестицијата Топлинската Пумпа мора да исполни критериум за SCOP од најмалку 4,3, или кратко кажано ако ТП ја немаат објавено на сајтот на ГЕФФ нема да добиете поврат на 20% бидејки првин се аплицира во ГЕФФ за ТП која мора ги задоволува критериумите.

Инаку SCOPот да не се лажеме е највисок кога системот е димензиоран да работи нискотемпературно, или да бидам појасен во режим 35/30 (35полаз на вода и 30 поврат) што се постигнува наједноставно со топловодно-подно греење, потешко се постигнува со фенкојлери на 45/40 и најтешко со радијатори кои за да работат во режим 35/30 или 45/40 и постојните радијатори тогаш мора да се зголемат(било по број на ребра било должински ако се панелни).

За овој тип на греење можеме и треба да дискутираме на долго и широко и за ова предлагам посебна тема да се отвори за да може побрзо да се дојде до информации и разјаснат првин основните појмови за топловодното греење, бидејки инвестицијата како за овој тип на греење така и за секој друг тип на греење не е мала, но сепак не е ни толку голема како што се мисли, па посебно споредено со комфорот што се добива со греењето на ТП.
 
Последно уредено:
За да го разјасниш ова на форум малку потешко, најверојатно сакаш нешто од грее да промовираш. за такви системи се учи и прашува машински инженер, а не се чита форум. затоа мој совет прво консултација па после пресметка од Инженер со завршен факултет а не дилерче на клима уреди.;):)
 
Само мал додаток Шајнинг го има едно од најдобрите отварање таму во филмскиот свет.Тоа што го нуди почетокот наговестува за страшна секс партија со вашиот ум еден целосен спектар-Ино спектар се надевам знаете за што зборувам кога го спомнав Ино.Планините,езерото,патот,музиката што би рекле мојте соселани бога иза леџа.Страшно.Знаете ја као детиште следам таму некој страни од типот отворено небо,ландскапес,недопреното,скриеното,потоци,онаму кај шо нога не допира,и ти доаѓа сценава ти мава заушки,и ти вика бегај таму бе копиљ.

Инаку тука ја имаме и малата шо доби страствен бакнеж од Хит леџер денеска го начекав,па викам чекај да го споделам со мојте мештани.

За оние пак кој не се сеќават или пак не го гледале видеото:

И да извинете ова е последното за вас:

Она кога не го знаат форум Кајгана и можноста да наредиш 4 клими низ цела куќа, притоа да добиеш забрана за да не го чепкаш далечинскиот управувач цела сезона за да можат климите да се стабилизираат. :) No hard feelings bros али жени, шо разбираат :)

upload_2019-4-18_22-16-53.png
 
Она кога не го знаат форум Кајгана и можноста да наредиш 4 клими низ цела куќа, притоа да добиеш забрана за да не го чепкаш далечинскиот управувач цела сезона за да можат климите да се стабилизираат. :) No hard feelings bros али жени, шо разбираат :)

Прегледај го приврзокот 207850
Не се погоди тундрата?! Јас имам две клими во спална и во дневна мислам и во детска да ставам кога ќе порасни малиот... Има членови и со по три и се задоволни...Сега шо прајме,кој лажи кој кажува вистина?Дека е најдобро решение не сум сигурен,со парапетни е секако подобро, кој има парапетна на форумот?! Хинт од опозиција ти е! Топлотни пумпи колку има некој познавање тука?! Знаеш кој член има има и споделено мислење и на другиот форум е активен,пази и тој има топлотна пумпа од опозиција...Ако мислиш дека парно ти е подобра опција кажи дека си се зафркнал со Тундра или со голем издув од истата или со потрошнња плукај по климата...Ама дали е таа или изолација во прашање тоа ти си знаеш јас мислам и двете кај тебе..
Пробај стави парно, само пази пак нема машински инжинери што точно ќе ти кажат што да ставиш, да не плукаш и по парно после...На волкот му е дебел вратот оти сам си ја брка работата!
 
Гледај, Тундрата се погоди повеќе отколку што очекував, сметките се пониски отколку со дрва башка и маката што ја немаш низ цела зима е плус. Никаде не го негирам тоа, до моментот кога се работи за ограничен буџет. Проблемот тука е форсирањето на тоа дека греењето со клими е најдоброто нешто што му се случило на човештвото и тоа пази, неслучајно тие што го форсираат тоа имаат корист од сето тоа па препорачуваат украсување на куќи со клими дури и на луѓе кои се спремни да издвојат сериозна пара.

Затоа вака кога ќе дојдеш во допир со нешто што не е форум Кајгана ќе излези дека не сите имаат фетиш кон клими и дека постојат и други опции за греење.
 
@HEKOJ
Ако за овие мислиш дека нешто разбираат како што си напишал стварно си мизерија.
Прво насловот им е....Парно со котел!?, под парно вероватно мисли на радијатори-најефтините што може да ги купат.... но на каков котел мисли?
На Струја е котелот, на Дрва, на Пелети, Плин, или сака да е и на дугме ко Инвертерот?
А што прајме ако котелот планира да е на струја?....никој реално незнае што прашува, дали бара да е само топло или и топло и да е ефтино греењето, и за чудо никој тоа не го прашува него одма одговараат.
Сите одма се изнаредиле да одговорат Парно...ама овие на Парното нити ке му цепат дрва, ниту ке плаќаат сметки, нит ке качуваат пелети на последен спрат, мажот ке им биде амалот-парното дур они си типкаат на ФБ:)
Овие пола што спомнале Парно се на Топлификација и нечитаат дека во прашањето има спомнато Котел. Знаеш како иде на ФБ тоа, еден прашува за цена, му одговараат за цена или ставаат ценовник, и под ценовникот уште 10орица прашуваат пак за цена.:icon_lol:
 
Последно уредено:
Какво црно парно, ене ми го котелон доле со парно. Го имам. Си стои за недај боже.

Ама не сум улав да го користам за греење кога имам инвертери.

Ако имаш пари не значи дека треба да ги фрлиш во ветер или ЕВН да го частиш секоја година.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom