Зависи кој модел, ама секаде има оригинал адидас и најк патики за таа цена, освен во МКД каде модел стар 5 години го продаваат како најнов.
Величествен град кој вреди да се посети и има што да се види, а за шопинг ќе најдете се и сешто, од најреномирани брендови со високи цени, квалитетна турска роба, па до најголемо ѓубре. Зависи колку буџет имате и не може да очекувате кавлитетно, а за малку пари.
Накитот е скап, а по пазарите најважно е да знаете да се ценкате. Сите бутици од балканот се снабдени со гардероба од таму. Прво кажува некоја висока цена, па после дупло пониска. Имаат убави јакни и имаше една која беше 400 евра и после ај може и за 200 евра.
Единствено не ми се допаѓа сообраќајниот метеж и безбедноста и мора да се возите со такси, а таксистот нас проба да не ограби. Сакаше да ни наплати повеќе од што пишуваше и се направи дека не разбира што му зборувам. Друго бурек наплатија 3 пати поскапо, ама по што беше убав им опростив.