Загатки

  • Креатор на темата Креатор на темата ~DaRko
  • Време на започнување Време на започнување
Човек го носат на суд и сеа да му пресудат. Му викаат ќе ти дадеме 2 лифчиња. На едно пишува смрт на друго живот. Кое ќе го извлечеш тоа ќе ти биде пресудата. Арно ама судиите без да знае човекот на двете напишале смрт. Човекот извлекол едно и овие го пуштиле. Како?

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
го земал ливчето и го сокинал? чим останало смрт ќе се претпостави дека извлечил живот.
 
Го голтнал, ама исто е се признава [emoji16]
Имате народна приказна снимена врз база на оваа загатка [emoji3]

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Треба да изодиш 10 метри од точка А до Б. Што ќе направиш за да одиш бесконечно долго кон точка Б без да застанеш?
 
Ќе цупкаш во место.
Не. Значи треба да одиш напред накај Б.[DOUBLEPOST=1554984497][/DOUBLEPOST]
Чекор напред, два назад...
Па така ќе се вратиш назад до А. :neetaka:[DOUBLEPOST=1554984547][/DOUBLEPOST]Еве ви помош. Одговорот е повеќе теоретски него практичен.
 
Појма немам за точка А и Б. Не ми доаѓа ништо на ум.

Али кога сме кај загатки : Набројте три дена едноподруго без да користите Понеделник,Вторник,Среда,Четврток,Петок,Сабота или Недела.
 
Денес,Утре,Задутре. И дај некои потешки не вакви аматерски :D
 
Треба да изодиш 10 метри од точка А до Б. Што ќе направиш за да одиш бесконечно долго кон точка Б без да застанеш?

Ќе одиш во спротивна насока.
 
Треба да изодиш 10 метри од точка А до Б. Што ќе направиш за да одиш бесконечно долго кон точка Б без да застанеш?

Ќе одеш постојано по половина пат од тоа што ти останало. Првиот пат 5 метри, вториот 2.5 метри итн итн ќе одиш бесконечно
 
како тоа првиот пат. вториот пат.
ако не сакаш да стигнеш може и по пикометар на ден да одиш. ама на крај ќе стигнеш да некоја податомска мерка каде што не може веќе да се деле.
 
Се надевам го имаш одговорот каде се наоѓа бесконечноста или која е последната цифра на ПИ бројот.
 
Помалку од планковата должина (1.6 х 10 ^ -35 м) не можеш да измериш ради квантниот ефект, Хоре во случајов е во право, има лимит до колку можеш да делиш на половина.
 
Доколку земеме теоретски, ништо не ме спречува да делам до бесконечност на половина, тоа е и идејата на задачата, а не дека стапалото ти е 40цм па ќе го нагазиш десеттиот метар кога тогаш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom