Дозволено е во странство да селиш капитал од средина на февруари 2019. Отворив тема за тоа.
Според мои анализи и информации од НБРСМ (со С е сега) референтни каматни стапки може да се намалат за уште 75 процентни поени т.е. комерцијални банки ќе нудат и 0.5% класик депозит на година дека. Од наши муабети за берза од пред 7-8 години извади во просек 25-30% годишно на мсе. Живелаа локална оглигархија и неоколонијални окупатори!
Она последното (неоколонијални) незнам кому ти е упатено... веројатно на сопствениците на банките!?
А за ова трансфер на капитал во странство од пред месец два ... ми промакнало, сигурен си дека може граѓанин на МКД да биде сопственик на сметка во странство и да трансферира пари во двата правци? Ќе побарам кога велиш дека си отворил тема... може ли линк од таа тема!?
А за берзата незнам баш... од 2007/8ма (ломот) до денес само последниве 2-3 год индексот е во позначителен пораст... другоно (освен 2014та и вештачки 2009та) гледам минуси!
И растот барем 70% благодарение на банките, те на легалниот грабеж... А во блиска иднина, сметај дека банките паѓаат! Скоро, многу скоро! Не е будала Коста од Уни што ги шитна акциите на банка која ја донесе!...Слично како градежните претпоставувам, не ја следам берзата, како стојат градежниве сега? Бетон-Метон, Гранит... има некое ново Скопје 2024??? Или станови да штанцаат ко кобасици нешто, станови во држава (нација) која е во страшна регресија и уште пострашна демографска катастрофа!? Згради ко утвари празни, станови продадени, а без луѓе..... ко онаа карши Кинеска амбасада... многу мириса на Bubbles! Така ќе е и со банките, особено ако дозволиле трансфери и поседување сметки во во странство...Реков благодарение на ГРАБЕЖ! Само погледни ги годишните профити и нивната динамика на раст од 2011та (19,6 милиони).... на 138 милиони лани! Колку е тоа? 600% за 6-7 год.... И сето се разбира како реков со озаконета од државата и НБРМ (со или без С) кражба ... едноставно е: разликите меѓу пасивните (депозитити) и активните камати (кредити кредитни картици) е 400-500%, башка провизиите, ГРАБЕЖ НЕВИДЕН!... За споредба само, во исто ваква, како нашава криминална држава (власт) Србија профитите на банките лани бил само 3,8%... па сеа ти види! По што сме ние поинакви или поразвиени од нив!?
Така да искрено ниту иднина гледам блескава кај банките, ниту кај берзата...а ниту па гледам дека берзава била нешто спектакуларна како бизнис во последните 7-8 год.... Профит од 25-30% во континуитет од 7-8 год? КАДЕ Е? Па еве го графикот со движењето на индексот по години!!! ....
30% тешко е и на најголемите и најпрофитни во континуитет 7-8 год. на оние како Amazon Gazprom Apple, Bank Of China FB Google Coca Cola ...!
Ако се толу потценети вредностите на акциите од нашиве компании, што истите не земаат кредити? Зошто управните одбори на акционери не носат одлука да земат кредит и парата остане у семејството... пари има по банкине колку сакаш, не земаат кредити туку се финансираат преку акции... интересно! Мора да се потценети!