Дечки размислував за објавава и решив сепак да ја пуштам. Искрено овој бизнис не е нешто атрактивно, ама спаѓа во организиран криминал и баш му е местово на темва.
Уапсен 22-годишник кој превезувал 11 мигранти
14. АПРИЛ 2019 - 12:34 | МИА
https://m.kajgana.com/uapsen-22-godishnik-koj-prevezuval-11-migranti
Од тоа малку што знам за криумчарење мигранти низ Македонија, е дека сите кој го работат тоа се многу поврзани, оние кои возат се најчесто таксисти, "картата" за од јужна до северна граница е 100 евра од човек, а за тие што пешки преминуваат со водич немам информација за цена. Многу често тој што изостанува од групата го туркаат по карпите за да не создаде поголеми проблеми, имаше случај близу до Евзони преминот пред околу еден месец каде мигрантот бил масакриран од падот. И нормално многу полицајци се и во овој бизнис.
П.С. Филмот Лазар е тема за овој криминал, и одлично е направен.