Види вака, јас имам ваков случај (ќе употребам лажни имиња за да си ја задржам анонимноста):
Еве да речеме дека јас се викам Коста Стојановски, татко ми се вика Димитар Стојановски, а дедо ми Петко Стојановски. До овде поврзаноста ми е во ред.
Проблемот почнува тука: Во умреницата на дедо ми пишува татко Трајан Стојановски (прадедо ми) и мајка Митра Стојановска (прабаба ми). Прадедо ми пак, во неговата умреница е запишан како Трајан Петровски со сопруга Митра Петровска и татко Стојко Петровски (пра-прадедо ми). А јас располагам со стар егзархиски документ за прадедо ми, кадешто е запишан како Трајан Петров со татко Стојан Петров. Притоа, селото на раѓање е истото во сите документи што се однесуваат на дедо ми, прадедо ми и пра-прадедо ми, а се работи за многу мало село во Егејска Македонија, притоа 100% бугарско. И само се крстам во стручноста на персоналот што одлучува во Бугарија, па да си поврзе 2 и 2 дека целосното егзархиско име на прадедо ми всушност било Трајан Стојанов Петров, по што лесно би се стигнало до заклучок од каде доаѓа моето презиме Стојановски.
Сакам да ти кажам, во мојот случај само на прв поглед има потполно различни презимиња, а всушност има логичка поврзаност меѓу нив. Затоа види истражи си и кај тебе да не е сличен случај.