Ne0
上帝的僕人
- Член од
- 15 март 2019
- Мислења
- 68
- Поени од реакции
- 33
Да, во право си, имам разбирање и се согласувам со тебе, јас музика ставам на прво место и што е до мене никогаш не би се откажал од Евровизија, но кога знам дека е мештаљка, буквално џабе си трошиме парите, што не ми се верува дека се 150.000е и сум сигурен дека си ги ставаат дел у џеб. Плус искрено, година у година еден ист стил на песни праќаме, затоа и ти пишав дека е тапа, и бев разочаран дека само целиме за влез у финале, а не целиме на нешто повисоко. Тамара подобро пееше порано, го има изгубено гласот, а и имаа време да се посветат на мелодија/музика "врвниве" наши продуценти, бидејќи звучи репетитив песната. Буквално ко да ја слушам Калиопи со Црно и Бело, уште не сфатија дека тој стил на песна не делува и пак нешто слично праќаат. Како и да е, секој си има свој вкус за музика, но јас како музичар, не би ја испратил оваа песна на Евровизија, можда е океј песната но не е за Евровизија. Изгледа и знаат дека е местено па не се замараат што песна ќе напраат и кој ќе испратат...Вака друже, Се согласувам до некаде со твоето напишано за во врска со тоа дека Евровизиската сцена се ценеше повеќе и квалитетот на нејзините песни но за нашата држава Македонија нема потреба да се кажува не само од тебе- бидејќи многу често слушам од луѓето дека 'ова се непотребни трошоци и дека требале да се дадат на потребни цели... бла бла' но дали знае народот или лично знаеш колку ние дававме за тоа учество? и колку е нашиот годишен буџет? Одговорот знам дека го немаш. Но еве јас ќе ти го кажам. Учеството е 150.000е со се комплет. Официјална информација ти е оваа, а за тоа што ставаат во џеб од тие пари, сценскиот настап само ни го упропастуваат. Државниот буџет на год. ниво е околу 4 билиони евра, и тоа е околу 0.004% за давање. Тука нема никакви филозофии дали да сме сеуште на Евровизија или не. Секако дека ќе бидеме. Земја како Македонија нема луксуз како Турција, Русија итн. да не учествува поради тоа што многу земји во Европа не не признаваат како постоечка држава и со тоа ако се повлечеме, комплетно ќе исчезнеме на интернационално поле. А околу политиката вмешана, не е нешто ново... Кој и колку поени си дава на самото финале... Ако сакаат да даваат на сиромашните, ќе пронајдат многу различни начини за тоа освен интернационално манифестации... Погледни ја само Молдова или Арменија, многу многу посиромашни држави се а имаат секоја година солиден сценски настап, од песна па до се...
Sent from my iPhone Xs Max using Tapatalk
Поздрав другарче