Ова се последиците кога договорот си го прават самостојно.
Да отишле кај адвокат, прво и основно адвокатот ќе барал на лична карта од страните на увид, тековна состојба од фирмата, нотарско заверено полномошно со кое фирмата го овластила и во кое својство, сообраќајна, ќе ги запознаел двете страни со правата и обврските од договорот, и воедно заемно ќе ги заштител и продавачот и купувачот, ама зошто кај адвокат, зошто да платат 70 евра, кога сакаат да одат на ризик, и после ем без кола ем без пари, ем даваат пари за водење на судски постапки, ем нервози, ем стресови, и на крај и да добијат пак може зијан да останат, само за да не дадат 70 евра, ризикуваат да изгубат 7000-8000 евра.
Среќа што скопскиве нотари започнаа да не заверуваат договори за продажба на автомобили ако договорот не е составен и дополнително заверен од адвокат.
Зашто купувачот може да го излаже продавачот па и нотарот, но адвокат не може да излаже.
Оваа случка од линкот што е сега по судови ми е
нејасна, НОТАРОТ не заверува договор ако НЕМА потврда за УПЛАТА !!!
Само купувачот може да биде оштетен, ако продавачот НЕ ДОЈДЕ на НОТАР, ако НЕМА се комплет валидни Документи или ако МВР добие од Интерпол забрана... а Да не кажувам за коли со мк таблици кој може да се и
под хипотека ????
Ова САМОСТОЈНО составување ДОГОВОР мислиш кога физичко лице на друго физичко лице му продава?? .....
еве сега пред некој ден купив половна кола од фирма... си имаат " свој " нотар, ама
договорот они го составуваат... ПРВО ти уплаќаш, после се потпишува договор, ама така БИЛО и ако купуваш од физичко лице... значи се е на Доверба, па и адвокат да имаш..
Всушност најнапред даваш мал КАПАР за кој не добиваш ни каса прими туку на обично ливче... цената е формална, веројатно има
некоја табела по годиште спрема која и се царини, а остатокот го плаќаш на рака кога физички ти ја даваат колата, исто како што 70% вработени земаат плата, дел на картичка а дел во кеш..
Е тука може купувачот да не дава плус пари во кеш ама нема да му дадат кола, само може да ги бара парите што ги платил преку банка да си ги бара назад... Во краен случај, ако купувачот не плати и делот во кеш и ги тужи и ја бара баш таа кола а не парите преку банка што ги платил, ќе му извадат некој витален дел па не може ни да ја изнесе со возење.../ всушност колите се без таблици па строго по пропис би требало со шлепер до технички преглед да се носат ??
Се тоа разбирам, но потоа чекаш потврда од Интерпол ?? ...
Не ми е јасно, зарем на излез од ЕУ не се проверува на граница колите дали се во список на Интерпол ???
Е сега како е за коли што се купуваат со адвокат, од 10,000 евра + не ми е јасно...
Како и да е имаше
и полошо, пред 17-18 години кога
се даваше пари однапред па чекаш некој да донесе тој кола од Германија, сега барем има автоплацеви....
А што да кажам
кога 1991 купував
НОВА кола од
државна фирма увозник, на технички ме враќаат, нема документ од царинењето ...
некој од фирмата го скрил во некоја фиока за да не може таа кола да се продаде,
ја чувал за некој... среќа најдовме врска во царина да ни направат копија инаку ќе имавме кола без документи, за украс...