За да сврти некој 200милиони денари од дивиденда треба во наши услови да има капитал од над 2 милиарди денари- ако земеме дека дивидендниот принос е ~10% што не е.АЛК,ГРАН, ОХБ,МТУР, лани имаа дивиденден принос околу 4%.Значи лик што ке земе толку пари од дивиденда мора да е сопственик на една или неколку компании.Некако баш ми е тешко да ги замислам Жиле , Доне, Страшо,Хари,Сашко С,како седат пред компјутер и во еден или два по полноќ со нас обични смртници дискутираат за берза.Поентата ми е дека ликот што направил 200мил.денари од дивиденда воопшто не ни знае дека постои ваков форум, а вие честитате и споменувате имиња на членови на форумот. Секоја чест на споменатите Бошко, Грими, Декис кои имаат и знаење и искуство,ама мислам дека честитките се на погрешна адреса и резултат на новинарско наведување и наивно размислување.![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)