Во Кушадаси бев во 2011 год. и можам да кажам најдобар одмор во мојот живот (сум бил ПАРГА, НЕАПОРИ, ОЛИМПИК БИЧ, НИКИТИ, ЛЕФКАДА....) и си реков овде еден ден повторно ке се вратам.
Сместен бев во хотел Sunny Hill 2*. Најмногу поради локацијата на хотелот го избрав овој.. 1 км оддалечен од Ladies Beach и 1 км од Центарот на градот, односно од чаршијата каде се шета навечер. Од вкупно 10 дена колку што бев во Кушадаси убаво ми беше што секој ден различно го поминував (не е како во ГРЦИЈА секој ден се на исто место на иста плажа) 1 ден на Ladies Beach, друг ден на Памукале, 3 ден на аква парк, 4 ден на крстарење... Кога ке го чита ова некој ке си помисли оти многу пари сум истрошил на сите овие места но одговорот е НЕ. Ако 200 евра ми беше пат и сместување јас таму уште 180 евра потрошив вклучувајки секојдневно хранење во ресторани бидејки хотелот нуди само Појадок кој јас само 1 ден бев присутен. Храната е одлична, ми остана во сеќавање на плажа 1 порција помфрит со кечап и мајонез, ориз и половина кокошка за 3.5 евра или 200 ден!? Хамбургерите и пиците исто беа како кај нас по 80-90 ден хамбургер и 150 ден пица. Во маркетите лименка сок имаше по 5 ден!? Чипс голем кој кај нас чинеше 70-80 ден таму се продаваше по 30-40 ден. Во тие 10 дена бев и на други плажи Long Beach i Jade Beach и можам да кажам плажите и песокта не е како во Грција но не се ни толку лоши. Во хотелот кој престојував незнаев никој.. односно не отидов со некој мој пријател или другар, но на крајот на одморот имав многу пријатели кои ги стекнав таму имаше од цела МК и сите се зближивме како група и сите заедно се дружевме секојдневно каде и да одевме. Секоја вечер излегував и шетав по чаршијата и можам да кажам со љубов бев пречекан каде и да одам и да седнам во некој ресторант (за разлика од ГРЦИТЕ кои се диви и со поглед ти покажуват оти не им е мило што те гледат кога знаат оти си од МК). Исто така немаше цени по чаршијата односно ако сакаш да си купиш патики, дрес, крпа, ташна... се се сведува на ценкање.. Мене 3 пати ме враќаа во продавница за да купам 1 пар патики кои на почеток ми кажаа оти цената е 100 евра за на крај за 20 евра да ги купам или дрес од 20 евра на 7 евра. Во тие 10 денови никогаш не се исплашив кога ке седнев во некој ресторант на крајот да не ми донесат сметка поголема од тоа што очекував, односно се беше евтино и за многу малку пари имаше се.
Оваа година сум среќен што можам да кажам дека се враќам пак таму после 2011 год. Уплатив во истиот хотел во кој престојував, кој сега е реновиран и од ден на ден ги одбројувам деновите за тргнување!