Од што имате фобија?

A

aye

Гостин
Од болници посебно нашиве недај боже да стигнеш до таму излез или спас од нив нема. И од висина имам фобија ама како да кажам не се плашам јас да сум на некое високо место туку страв ме фаќа кога некој друг ќе видам како виси на некое такво високо место, мислам дека во моментот можам срцев удар да добијам од страв.
 
Член од
4 август 2011
Мислења
35
Поени од реакции
14
Imam fobija od smrt....moze i ne e bash fobija tuku kako nekoj strav koj navecer go cuvstvuvam iii malce mi vlijae na raspolozenieto preku den....se nadevam nema da prerasne vo nekoja fobija sho ke mi go oteznuva zivotot.....ali mnogu se plasam do sega ne mi se deshavalo vaka poslesnive nedela dena... :(
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Висина, инсекти

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Една од фобиите на модерното време

Да се гнасиш да (јадеш пиеш во туѓа куќа)???

Која е сега логикава таквите луѓе се гнасат да јадат по куќи (демек немаат верба во луѓето бидејќи јадењето е приготвено од други луѓе, а пак јадат - не се гнасат да јадат по хотели, ресторани, пицерии. Зарем јадењето приготвено по хотели ресторани е почисто/похигиенски спремено од некои луѓе дома што го спремиле???[DOUBLEPOST=1553023935][/DOUBLEPOST]Еве еден пример - ШОШОНЦИТЕ нашиве каде што најчесто одат на одмор Драч, Валона, Саранда, Тирана персоналот после вршење нужда мала/голема ни раце мие ни ништо, а пак нашите сето тоа го знаат а упорно секоја година одат на одмори...

Од страна на нашиве (не јајме по куќи) то понашање им е демек еве колку сме ние чисти и педантни...

А од друга страна ко ќе јадет (дојадет) нешто по улица (хамбургер, тост, сендвич, кока кола од пол кило сето тоа после дојадување го фрлаат на улица... (И покрај тоа што има улична канта, контењер покрај нив)...
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Една од фобиите на модерното време

Да се гнасиш да (јадеш пиеш во туѓа куќа)???

Која е сега логикава таквите луѓе се гнасат да јадат по куќи (демек немаат верба во луѓето бидејќи јадењето е приготвено од други луѓе, а пак јадат - не се гнасат да јадат по хотели, ресторани, пицерии. Зарем јадењето приготвено по хотели ресторани е почисто/похигиенски спремено од некои луѓе дома што го спремиле???
За пиење не, ама за јадење да и јас сум истиот.
Сега сам си готвам, ама порано не јадев во туѓи куќи, а тоа обично кај некои за кои знам дека не одржуваат хигиена по дома. И да сакав да пробам како нешто одвнатре да ми доаѓа и ми се гади.

Тоа по хотели, ресторани, пицерии не гледаме кој го прави, а обично и таквите места ги пребирав. Не јадев во сите сендвичари и не купував никаква храна од продавници како лиснато, ѓевреци итн.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
За пиење не, ама за јадење да и јас сум истиот.
Сега сам си готвам, ама порано не јадев во туѓи куќи, а тоа обично кај некои за кои знам дека не одржуваат хигиена по дома. И да сакав да пробам како нешто одвнатре да ми доаѓа и ми се гади.

Тоа по хотели, ресторани, пицерии не гледаме кој го прави, а обично и таквите места ги пребирав. Не јадев во сите сендвичари и не купував никаква храна од продавници како лиснато, ѓевреци итн.
Абе нема потреба да гледаш јадењето кој го прави.

Прашање до тебе: Ako oдиш на одмор во Албанија и порачаш јадење (не мора персоналот да ги гледаш кај што работат)??? Дали за тебе Албанците се синоним за (не)хигиена или не???
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Абе нема потреба да гледаш јадењето кој го прави.

Прашање до тебе: Ako oдиш на одмор во Албанија и порачаш јадење (не мора персоналот да ги гледаш кај што работат)??? Дали за тебе Албанците се синоним за (не)хигиена или не???
Го немам видено дали си мие раце или не, ама имам видено и многу други кои немаат навика да си ги мијат рацете. Иначе каде и да идам прв пат ќе пробам, за следен пат е прашање.

Доволно е да видиш дека некој не си мие раце после вц и да сфатиш дека нема никаква хигиена и не се педантни и истите тие кога јадат имам приметено дека оставаат ѓубре, остатоци од храна размачкани на масата и јадат со отворена уста. И не само за јадење и за други работи не се педантни. И од овие јас да јадам? o_O

Како помал со еден другар отидовме по бурек и немаше готов требаше да почекаме. И додека чекавме јас само разгледував во какви услови го прават и кога ги извадија тие тавите црни, па и ги чистеа надвор. Ги земавме буреците и ги донесовме кај мене дома, го гледав, го гледав, а нешто од внатре ме тера да го фрлам бурекот и ајт во канта. :D
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Од длабочина.
Секогаш кога сум на плажа, дали на езеро или море, кога ќе погледнам далеку кон морето/езерото се губам, се тресам.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Сум сретнам 2-3 луѓе во животот што викаат дека имаат фобија од возење точак... И тоа на возраст од 35-40 години... Е не знам таквите дали навистина имаат фобија или се зафркаваат, којзнајт што е работата...

Јас разбирам дете на возраст од 10-12 години да се плаши од возење точак, ама толкав маж од 35-40 години тоа не ми е логично...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Da bea fobiite logicni nemase da se vikaat fobii tuku zdrav razum i instinkt za prezivuvanje.

Na temava: visina, dlaboki i prostrani vodeni povrsini i site zverovi sto ziveat tamu.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Da bea fobiite logicni nemase da se vikaat fobii tuku zdrav razum i instinkt za prezivuvanje.

Na temava: visina, dlaboki i prostrani vodeni povrsini i site zverovi sto ziveat tamu.
Чекај ќе ти кажам фобиите се нелогична работа.

Како на пример шо пишав погоре некои луѓе се плашат од возење точак (да не паднеле), а не се плашат од возење во авион...

Ами што е пострашно пад од точак, или пад од авион? Од точак колку пати да паѓаш после некоја секунда ќе станеш, а од авион ако паднеш еднаш втор пат веќе не паѓаш...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom