Незнам за какви негативности зборувате? Кирии, превоз или нема мама, нема тато? Све што може да се плати со пари не е проблем, него трошок! Западњакот секогаш ќе се грижи барем за нормален живот да ти плати, така да нема проблем. Е сега ако сакаш повеќе од обично преживување, бујрум, учи, испоти се, научи јазик , локални обичаи и оала еве те за две-три степеници погоре во системот. Па барем ние од Мк немаме проблем со иницијално прифаќање од западњаците, белци, со нормален изглед и животни навики, додека да сфати дека си странец, веќе добил првичен позитивен впечаток за тебе.
Јас искрено кога одев да работам настрана, само што ќе излезам од Македонија, порано и од Југа, одма послободно се чувствував! Ниво на стрес за три пати помало одма после пасошка контрола.