Бегство од Македонија

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.473
Поени од реакции
16.081
Цел свет се сведува, т.е. оди на ефтина работна рака. Затоа и Германија и сличните, бараат работници од Сирија, Таџикистан, Непал и Балканот.
После да не ве чуди што платата ви е 1.200 евра во Германија, Англија, Австрија.
Кај нив 1.200 е кај нас 140 евра.

Вие мислите со 1.200 плата ќе поминете сушер во Германија.
А каде е храна и пијалоци, па ќе сакаш да не напиеш кафе/пиво, да се олабавиш да шетнеш негде во парк, природа, до другиот град.

Нема таква слобода во Германија и работа, две во едно нема. Таму или "арбајтен" или шетање и уживање.
Двете заедно нема.

Да не е ваква работата каква што е во Македонија, овде е најубаво и за работа и за живеење. Дури може и двете да се комбинираат.
Не сум знаел дека требаат пари за шетање во парк и природа
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.640
Поени од реакции
27.880
Цел свет се сведува, т.е. оди на ефтина работна рака. Затоа и Германија и сличните, бараат работници од Сирија, Таџикистан, Непал и Балканот.
После да не ве чуди што платата ви е 1.200 евра во Германија, Англија, Австрија.
Кај нив 1.200 е кај нас 140 евра.

Вие мислите со 1.200 плата ќе поминете сушер во Германија.
А каде е храна и пијалоци, па ќе сакаш да не напиеш кафе/пиво, да се олабавиш да шетнеш негде во парк, природа, до другиот град.

Нема таква слобода во Германија и работа, две во едно нема. Таму или "арбајтен" или шетање и уживање.
Двете заедно нема.

Да не е ваква работата каква што е во Македонија, овде е најубаво и за работа и за живеење. Дури може и двете да се комбинираат.
Па што ако е платата 1200€ у Германија? Тој квалитет на живот 80% од населението у Македонија може само да го сонува
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107
Викаш кириите се оган ( не огин, да ве мочам на јазикот) а си пишал 600 евра, па мене ова ми делува и евтино,не знам од каде оган.

друго, ова што си го ишкрапал е во некое добро сценарио, да не правиме колку домашни есапи не излегуваат на пазар.

Оваа математика не секогаш излегува, во многу случаеви не можат двата партнери да работат целосно работно време освен ако некако не се снајдат со некој да им ги чува децата или со градинка ( а тие трошоци не си спомнал).

Спомнуваш 390 евра детски додаток, не го познавам системот во германија ама на прв поглед ми е дискутабилно, ако двата партнера работат целосно работно време не сум сигурен дека би земале целосен приход за деца како и на невработени.

И да ја прифатам твојата математика, крајна сметка 1500 евра за трошоци или 350 евра неделно ( не вклучувајќи ги непланираните трошкови) па да ти кажам и не е некоја пара, една вечера да напрајте вие како пар и две деца (како што спомнуваш) отидоа 100евра, сите да отидете на срижење и фризура за жената отидоа другите 150 евра. А секоја недела излегува нешто, едно ебано излегување со децата во некоја посрана игротека 1 сат, нема да поминете без 50-60 евра за влез, кафе мафе, сокче сендвич..., да не ставам тука трошоци за сервис на кола, мислам да не редам еден куп работи што никогаш не ги рачунаме, на крај да те стегне еден заб ( а тој не чека ке треба на кредит ке треба да го правиш)


Да не се разбериме погрешно, и јас сум во странство, не ми е целта да го фалам животот во МКД, ама ова твоево на кое ти нашлакале еден куп лајкој мене повеќе ми делува на рибарска прикаска или на лупање онака од ракав.

И јас си правам вакви математики нон стоп, јас сум фамилија како што спомна пар и две деца, јас работам цело работно време, жена ми скратено работно време, околу 6000 долари влегуваат месчно во куќа, и нон стоп си правам ваква математика ко тебе и си бројам колку ќе ми останат и на крај повеќето пати ништо не ми останува, а живеам скромно, без луксузирање.
Пријателе твоја куќа , твој есап.
Животот воглавно се сведува на работа и дома, работничко одело и пижами и јас не бегам од тоа.
Напоменав дека остануват пари доволно за нормален и безгрижен живот, а ти ако секој месец имаш непланирани трошоци по автомобилот би те советувал да го смениш во скоро време да си видеш раат... хаха тоа беше шега.
За берберите и фризурите, ако одиш кај германец можно е и 30 евра да платиш, ако одиш кај турци на пример си плаќаш 9 евра стрижење.
Ако одиш во германски ресторан ќе платиш 100 евра и повеќе, ако посетуваш балкански ( македонски, српски , грчки ) ресторан имаш порција по 10 евра од човек на пример.
Шок беше кога детето во мк ќе се врати од училиште и играјќи ги скинал новите патики па требаше јас да се мислам од каде сега да најдам 50 евра за нови патики бидејќи планиравме овој месец еден пари патики , а непредвидно сега се 2 пара.
Е тоа чувство пријателе, сега го нема.
Јас знам само едно, а тоа е следно: Во јули јас треба да имам на располагање најмалку 3 илјади евра за да си дојдам во МК.( карти авионски , 1 недела одмор на море, да си видам фамилија пријатели и така натаму ), а за преку годината месечно дали 100 евра остануваат или 1000 ич не ми е гајле.
И за крај: јас мојот пост не го напишав за лајкови, туку само пишав бидејќи има некои кои убедуваат дека животот во Македонија не е така лош и дека заработката во странство е всушност иста како и Македонија бидејќи предноста било што имаме сите сопствен дом.
Иако редовно го следам форумов не бев член и кога се зачленив си ветив дека нема да влегувам во дискусии и да се правдам, бидејќи ако земам по форуми да се докажувам и да се правдам нешто не е во ред со мене ( овој пат направив исклучок ).
Воедно тоа е мојот последен пост.
На сите кои се во Македонија им посакувам пред се добро здравје и многу среќа.
На сите кои планираат да заминат од Македонија, ги советувам да бидат храбри и одлучни во својата одлука.
На сите Македонци кои живеат надвор од Македонија, им посакувам се најдобро и да не ја прават истата грешка како мене по форуми да се правдаат и докажуваат на некои дека белото е бело , црното црно :)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Зборуваме за странство, но направете ја математиката прво за тука, за да сфатиме зошто масовно бега народот. Прво, работник е најмасовна професија, веројатно над 70% од луѓето се во оваа категорија. А колку можат 2 работника да спечалат месечно тука? Во 90% од провинција повеќе од 500 евра заедно многу тешко. Малтретирањето и непочитувањето на основните човекови, а не па работнички права е гратис. Синдикатот е мизерен, така што просечниот работник е оставен на милост и немилост на работодавачите.
Нашите фирми нудат мизерни услови, единствено работник може да пркне во местата каде што има странски инвестиции и фали работна сила. Таму сепак нудат подобри услови од другите фирми, што со оглед на бенефитите кои ги имаат би било и чудно да не е така. Не дека е све по закон, но платата е нешто поголема, а и превоз, хранарина, па и прекувремена работа се почитуваат колку толку. Но, дали 4-5 града се опфатени тука, другото е уште помизерно.
РМ не е само Скопје, има места во РМ, каде што луѓе со месеци бараат најниска работа, како продавач или нешто слично и не можат да најдат без пријатели. Замислете колку е мизерно да бараш пријатели за работа во маркет. Ете дотолку е уназадена РМ и затоа народот бега.
Друга работа што можат да направат 4 луѓе со 500 евра? Секој ден да трошиш по 500 денари за храна(што е не мизерна туку дно од сума) ќе ти појдат 250 од нив. Другите за сметки и некоја илјадарка ако остане за облека. Ете таков е животот во РМ и тоа ако имаш своја недвижнина, ако не си наебал уште повеќе. А јас ако планирам да живеам од милостината на моите родители и на жена ми, подобро би се развел или би рикал како џукела на некој партиски митинг.
Кола, одмор, образование за децата не ни спомнав јер се надвор од домет со тие примања.
Има уште надолго и нашироко да се зборува за темава, но многу луѓе бегаат од чист човеков нагон за преживување. А останатите работи како подобро здравство, образование, администрација се спрема првово ништо повеќе од финеси.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.913
Поени од реакции
7.831
Шок беше кога детето во мк ќе се врати од училиште и играјќи ги скинал новите патики па требаше јас да се мислам од каде сега да најдам 50 евра за нови патики бидејќи планиравме овој месец еден пари патики , а непредвидно сега се 2 пара.
Е тоа чувство пријателе, сега го нема.
Само на кратко, мојата ај да кажам забелешка на твојот пост беше во делот кога ги спомна тие 1500евра, изгледаа некако многу големи а не се.
Али било како, овај дел што сум оставил од твојот пост е најголемата причина и вистина за лугето што живеаат надвор, тука се сложувам.
Целата математика се сведува на тоа, фактите се дека ако не се работи за фамилии со ептен високи профили и баш високи примања тогаш во главно и надвор животот се сведува на стегнат живот, покривање на трошоците. Ако земеме некое сценарио дека и надвор и во мкд на семејство би му останувале некој 10 посто од примањата, тие 10 посто надвор многу повеќе вредат него во мкд и автоматски куповната сила надвор е поголема, па не се мислиш дали се скинале патиките, или се расипал телевизорот, тука доага до израз комоцијата што може да ја има човек надвор за разлика од дома.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.171
Поени од реакции
21.287
Цел свет се сведува, т.е. оди на ефтина работна рака. Затоа и Германија и сличните, бараат работници од Сирија, Таџикистан, Непал и Балканот.
После да не ве чуди што платата ви е 1.200 евра во Германија, Англија, Австрија.
Кај нив 1.200 е кај нас 140 евра.

Вие мислите со 1.200 плата ќе поминете сушер во Германија.
А каде е храна и пијалоци, па ќе сакаш да не напиеш кафе/пиво, да се олабавиш да шетнеш негде во парк, природа, до другиот град.

Нема таква слобода во Германија и работа, две во едно нема. Таму или "арбајтен" или шетање и уживање.
Двете заедно нема.

Да не е ваква работата каква што е во Македонија, овде е најубаво и за работа и за живеење. Дури може и двете да се комбинираат.
Како тоа ко во Македонија имаш 40ч неделна работа и Германија исто. Или некој работи и некој не па затоа заклучокот?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Па што ако е платата 1200€ у Германија? Тој квалитет на живот 80% од населението у Македонија може само да го сонува
Кој живот бе друже кога од работа дома и секој ден исто...
Објасни ми каков живот тераш така...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.171
Поени од реакции
21.287
Кој живот бе друже кога од работа дома и секој ден исто...
Објасни ми каков живот тераш така...
Во Македонија не се работи? Од што живеат луѓето?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Во Македонија не се работи? Од што живеат луѓето?
Во Македонија имаш простор и за други работи/активности/заебанции...
Имај ги истити и таму.
А плус, те сметаат како граѓани од 4 класа, заедно со бегалците од Сирија.

Порано беа топ за работа и живот Германија, Шведска, Англија, веќе не.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.171
Поени од реакции
21.287
Во Македонија имаш простор и за други работи/активности/заебанции...
Имај ги истити и таму.
А плус, те сметаат како граѓани од 4 класа, заедно со бегалците од Сирија.

Порано беа топ за работа и живот Германија, Шведска, Англија, веќе не.
Мене ништо не ми фали и не знам што во Македонија има што го нема во Германија. Имаш пример?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Во Македонија имаш простор и за други работи/активности/заебанции...
Имај ги истити и таму.
А плус, те сметаат како граѓани од 4 класа, заедно со бегалците од Сирија.

Порано беа топ за работа и живот Германија, Шведска, Англија, веќе не.
Кога читаш огласи во кои се бараат работници од струката архитекти, доктори, стоматолози, инженери, со плата од 15.000-18.000 ден., како се чуствуваат невработените од тие струки, мислиш како граѓани од прв ред, горди што живеат тука?

Како се чуствуваат граѓаните на Македонија кои биваат казнувани пошто им прегорело светло сред бел ден, а тие елитата мува не ги лази.

Ако има држава каде граѓаните се делени на класи, тоа е Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Кога се споредува, треба да се спореди ваљда и стручна спрема. Овде пример лиценцирани сметководители (па и другите струки не се далеку) со факултет, стаж, испити, семинари, пракса...му нудат 15-18000. Денари. Да не збориме за прекувремено кое е скоро непознат поим во севернава. Да се дупнеш од шетање и заебанции.
Таму како е, ладно..
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ти па многу шеташ и секој ден ти е различен.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Некој и дремењето на форум го есапи за
Во Македонија имаш простор и за други работи/активности/заебанции...
Имај ги истити и таму.
А плус, те сметаат како граѓани од 4 класа, заедно со бегалците од Сирија.

Порано беа топ за работа и живот Германија, Шведска, Англија, веќе не.
Дај молимте не шири пропаганди! За твое инфо, шарената револуција заврши!
Имал човекот простор и активности.
Едино што си погодил се забанциите, не ни фалат!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom