Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Дечки некој да знае кај можам да најдам ретровизор за vw polo 2003 година, некое место што растураат коли или некој што се бави со такви работи а да не е многу скапо ?
http://m.reklama5.mk/Search?q=Delovi+polo&city=1&maincat=&sell=0&sell=1&buy=0&buy=1&trade=0&trade=1&includeOld=0&includeOld=1&includeNew=0&includeNew=1&company=0&company=1&private=0&private=1&page=1&SortByPrice=0&m=1
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Предлог Aftermarket звучници, позната марка со добар бас и чист звук?
 
Член од
21 декември 2014
Мислења
111
Поени од реакции
23
Здраво, ќе ве замолам да ми пишете мислење за Фиат гранде пунто 2006-2007, бензинец 1.2. Дали се со скапи делови, како се погодени?, за одржување, сервис?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Здраво, ќе ве замолам да ми пишете мислење за Фиат гранде пунто 2006-2007, бензинец 1.2. Дали се со скапи делови, како се погодени?, за одржување, сервис?
Фино количе и ефтино за одржување и регистрација
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
316
Здраво, ќе ве замолам да ми пишете мислење за Фиат гранде пунто 2006-2007, бензинец 1.2. Дали се со скапи делови, како се погодени?, за одржување, сервис?
Aко е од Италија ќе треба да внимаваш повеќе околу шасијата како е сочувано. Дека знаат да дојдат и распади од горе.

Моторот е одличен, многу тивок и убав мотор. евтина регистрација и сервиси. Ако се ставаат убави делови има да трае со години.
Погледни го ентериерот и шасијата. Ако се убави, купувај.
 
Член од
12 март 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
zdravo.me interesera za toyota corola 2.0 66kw,kakov motor e i koi mu se nedostatoci
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Здраво, ќе ве замолам да ми пишете мислење за Фиат гранде пунто 2006-2007, бензинец 1.2. Дали се со скапи делови, како се погодени?, за одржување, сервис?

Слаб е тој мотор за таа кола. Инаку исто троши гориво и тој 1.2 со овој 1.4. Послаб е моторот и често во вртежи треба да го тераш па тоа ја качува потрошувачката.
Исто ако го земаш од плац веројатно има свртено огромен број на километри па рачунај дека можда ќе треба диктон на глава да му менуваш. Слабите мотори не поднесуваат големи километражи лесно.

Јас искрено би одел на појак бензинец, барем 1.4.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
316
Слаб е тој мотор за таа кола. Инаку исто троши гориво и тој 1.2 со овој 1.4. Послаб е моторот и често во вртежи треба да го тераш па тоа ја качува потрошувачката.
Исто ако го земаш од плац веројатно има свртено огромен број на километри па рачунај дека можда ќе треба диктон на глава да му менуваш. Слабите мотори не поднесуваат големи километражи лесно.

Јас искрено би одел на појак бензинец, барем 1.4.
Добро е да имаш искуство па да пишеш. А не вака од логика само. Па и логички да се размислува пак си грешка.

Ајде прво вака. Гранде Пунто има 4 бензиски агрегати од кои еден вградуваа со 1.2 а другите е беа 1.4
Ниту еден 1.4 не може да троши помалку од 1.2 бидејќи 1.2 е направен со цел мала потрошувачка и силен торк ( во однсо на конкуренцијата)

1.2 е многу подобар,поекономичен и покажан мотор и не е точно дека 1.2 и 1.4 трошат исто.
Исто многу е погрешно да се генерализира бидејќи кај Гранде од 1.4 постојат 3 мотори со различни сили. Разликата во потрошувачка е од 2-7 литри во зависност од изведбата кај 1.4 мотороот.
На кратко сите 3 мотори трошат повеќе од 1.2 а има некои што трошат и дупло повеќе
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
107
Поени од реакции
81

Колегата погоре вероватно мисли на 1.4 8v моторот, кој троши едвај нешто ситно повеќе од 1.2 8v меѓутоа ни едниот ни другиот не се нешто претерано снажни во каросеријата на гранде пунто која во секоја можна изведба надминува 1 тон. 1.4 16v е веќе друга песна ама затоа и троши околу литар повеќе од 1.2 моторот. Добра страна е што сите горенаведени мотори се добри за на плин што и би било паметна инвестиција за оној кој би се одлучил за некој од нив бидејќи не се баш нешто претерано економични. Инаку 1.2 во гранде пунто не би требало да има проблем со дихтунгот на глава, тој проблем го имаа примероците произведени до средината на 2003 година (пунто мк1 и мк2 пред редизајн, од мк2 редизајн па натака е вграден поквалитетен метален дихтунг). Јас ако би купувал гранде пунто би зел 1.3 м-џет со 75кс и без дпф филтер наместо бензинец, мада тоа е само мое лично мислење.
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
423
Пинто 1 немаа проблем со дихтунг на глава да гори, да мрси мотор да.Јас такво имав 1.1 см3 беа 55 коња/40кв и беа троми со 860кг тежина.Кога ќе излезеш на автопат над 100-110 км/ч мислиш борбен авион возиш,бука голема во кабина да неможеш радиото да си го слушнеш.
Потрошувачка 10град/ 6 отворено плин.
Затоа мислам дека треба да се скокне Гранде со 1.2 мотор да се бара нешто помоќно без разлика дали ќе има нешто поголема потрошувачка.
 
Oд Пунто 1 до Пунто 3 има години и години разлика. Не мешајте баби и жаби. Пунто 1 е поблиску со мотор до југо, отколку до гранде пунто,
Немам ништо против тебе, туку ги имам возено и двете и од таму кажувам.
Хартија е едно, пракса сосема друго.

Гранде пунто 1,2 комотно оди до 140км, а може и повеќе но наатаму се мачи. Изолацијата и ден денес не им е јака страна на фиат, иако се подобрени многу од пунто 1, но тие коли и не им е главна намена за автопати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom