Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Согласно новите договори, од '41 имало бугарско присуство во денешна Северна М. А пред тоа окупација и слично.
Не ти е ова тема за тропање глупости и покажување на лични фрустрации, како таа кај што висиш.
Или можеби си во право и сега ќе ми посочиш линк каде што пишува како сега се смета дека пред 41-ва било окупација, а после не.
 
А ти секаде мислиш дека ти е дозволено да ги навредуваш останатите? Изгледа дека твоите родители немале капацитет да воспитаат дете како што треба.
Не мислев на линк и на официјални закони, туку „во духот на новите ветришта“
 
Не. Во духот на новите ветришта е едно, а согласно со новите договори е сосема друго.
 
На денешен ден, во утринските часови (1942), се случи најважната битка во Пацифичкиот Театар на Операции. Битка која ја уништи јапонската иницијатива и која ги запечати нивните шанси за победа (преку склучување на мировен договор во нивна полза). Тоа е битката за Мидвеј.
Многу комплексна поморска битка, какви што и се јапонските поморски операции. Добиена со многу среќа (покрај другото) и решена за пет-шест минути.
Ова е втора битка во историјата (по битката во Коралното Море) која се водела на нов начин - преку испраќање на авиони да ја уништат противничката флота и во која всушност спротиставените флоти не се ни гледаат меѓусебе.
 
Зашо е навредливо да наречеш германец шваба?
Не знаев каде да го постирам.. ако треба нека се премести..

А и горе неможев да си најдам соодветен одговор на интернет.
 
Зашо е навредливо да наречеш германец шваба?
Не знаев каде да го постирам.. ако треба нека се премести..

А и горе неможев да си најдам соодветен одговор на интернет.
Швабија е германска област. Од таму доаѓа тој израз.
Не гледам како е навредливо, иако можеби се користело во таква конотација.
 
Швабија е германска област. Од таму доаѓа тој израз.
Не гледам како е навредливо, иако можеби се користело во таква конотација.
Шваба (германски: Schwabe), е член на големо германско племе со потекло од бреговите на Балтичкото Море. Оттука племето се распространило на запад и на југ со што и воедно името Шваба постанало општопознато презиме. Денес на Балканот терминот се смета за погрден назив за Германците.

Последната реченица не ми е јасна и за тоа прашував. Зашо се смета за погрден назив.. Да бев германец не би се навредил нз..
 
На денешен ден, за неколку саати, пред 70+ години (во 1944), започнала Оверлорд операцијата на сојузниците, позната како D-Day, или уште како - Истоварувањето во Нормандија.

Ова е писмото на Ајзенхауер (главен командант на сојузниците), кое однапред го имал спремено, во случај на неуспех на целата операција.

“Our landings in the Cherbourg-Havre area have failed to gain a satisfactory foothold and I have withdrawn the troops.

“My decision to attack at this time and place was based upon the best information available.
“The troops, the air and the Navy did all that bravery and devotion to duty could do.

“If any blame or fault attaches to the attempt it is mine alone.”
d-day-anniversary-2019-1136154.webp
 
Зашо е навредливо да наречеш германец шваба?
Не знаев каде да го постирам.. ако треба нека се премести..

А и горе неможев да си најдам соодветен одговор на интернет.
Шваба не е навредливо. Но навредливо е да се каже за лебарка "буба Шваба" (србизам) . А така ја велат затоа што горниот дел е како оклоп (Германски шлем)
 
тактичката операција на Уса и Ук да не дозволат советите да ја окупираат цела Германија:icon_lol:
Има и друга перспектива на тоа.
Советите уште од 1942 притискаат за отворање на западен фронт. Избегаваа овие, колку можеа, веројатно за да се истепаат Советите и Германците колку може повеќе, или барем така Стаљин им викаше дека му праат со одолговлекувањето на отворње на нов фронт. Италија 43-та беше некаково привремено задоволување за Советите, но тие продолжија да бараат фронт во Франција (можеби затоа што италијанскиов фронт се укочи во меѓувреме). Сепак, можеме да најдеме и многу објективни причини за тоа одолговлекување. Комплексно е.
Како и да е, дури 1944, на денешен ден успешно го отворија Западниот Фронт (со цена, секако).
 
Сеа има многу причини, но најјаката е таа поради што го одбрале тој тајминг, пример можеле уште една година да почекаат, но генералите ваљда пресметале дека црвените ќе отидат преку Берлин до тогаш.
 
Сеа има многу причини, но најјаката е таа поради што го одбрале тој тајминг, пример можеле уште една година да почекаат, но генералите ваљда пресметале дека црвените ќе отидат преку Берлин до тогаш.
Да. Има логика.
 
Инаку и отишле преку Берлин, америте чекале на Ромел роденден да му биде....
 
Русија денес му порача на Западот дека истоварувањето во Нормандија во 1944 година не било одлучувачко за крајот на Втората светска војна и дека улогата на западните сојузници не треба да се преувеличува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom