Зашто уште од сега прашуваш за дискови ?Ајде некој да ми објасни за сеат ибица 1.4 86кс 2007 бензин, како се покажани? Се мислам да земам таква од прв газда со 160 000км..
И колку пари се дисковите за истата кола?


Не значи тоа ништо што е од прв газда и 160.000км
Мене искрено како модел не ми се допаѓа. Има евтина пластика и маани во ентериер кои ги немам видено ни кај Матиз. Ептен неквалитетно направено.
Истото е и со Кордоба од тие години. Моторите се на VW групација, мада со самото тоа што VW го форсираше порано sdi моторот исклучиво кај Сеат моделите кој беше проблематичен, ме разубедува од купување.
Јас имам сменето многу возила, и искрено Ибица и Кордоба не ми се допаѓаат воопшто како целина, па макар биле и од тука, и гледам да ги избегнувам
Незнам каква цена ти ја даваат, но јас би ти советувал да ја земеш само доколку колата е 500-600 евра поевтина од оглас.
Ако е иста цена или поскапа воопшто не ја гледај. Бидејќи избор на коли денес има еден куп. И немора да значи ништо тоа дека е прв газда. Ете комшија зема од прв газда, исто околу 160.000км па на 3000км менуваше ламела, дискови плочки и уште некои сервиси, па кога ќе се види на крај парите пак ги даде.
Не велам, има луѓе си менуваат се и предвреме, но тука е стварно ретко тоа. Луѓе купуваат нови коли и уље не менуваат по 2 години.
Инаку 1.4 сум го немал во Сеат туку сите беа дизели колку што памтам.
Но вака од искуство мислам дека тешко ќе оди прилагодувањето на плин т.е ќе биде тромо. А на бензин незнам колку е исплатливо да се вози.