ProdigY

  • Креатор на темата Креатор на темата JuveFan
  • Време на започнување Време на започнување
Продиџи се најголемите мајкоебачи од оваа бранжа на музика!
Ги слушам уште од копиљ и сеуште ги слушам и најверојатно ќе ги слушам цел живот.
Дали се психопати ? Хммм.. Секако! :))))))
 
1606854_909969549022745_8195454283679578444_n.jpg
 
Не бев на Т-фестивалот, признавам.

Во 2005-та, есента, беа на саемов срушен сега. Цела сала излезе мокра, изнарипана...невидена енергија упм
The fat of the land - во топ 10 албуми на сите времиња.

Лесна нека му е...

 
Нека почива во мир Кит, огнопалачот на журките низ цела планета. Ја имав таа среќа да ги гледам во живо 2005 година (уште си ја чувам картата). Бев со колеги од факс, а едниот го донесе и татко му кој бтв е запален фан на продиџи, чичко на 50-тина години, човекот седеше пред огромните звучки и со раширени раце чекаше да загрмат за да откачи. Што да се каже освен ебено незаборавно чувство и најдобрата журка на која сум бил некад присутен !!!
 
Последно уредено:
На Продиџи ги имам јадено најдобрите ексери во мојот живот.
Почивај во Мир легендо!
Always Outnumbered, Never Outgunned!
 
Liam е стварно музички генијалец.

Би се окарактеризирал сам себе као чоек што претежно сум јадел британско музичко влијание...од Martin Gore, Robert Smith, Johnny Marr, Bowie...па натаму "електроничариве", браќава Hartnoll од Orbital, Underworld, Del Naja од Massive attack, FSOL....и уште пар ликови од негов калибар. Liam ја правеше музиката - дефакто. Го имам слушано во едно интервју, дури мислам дека беше на Twisted city на Марија Атанасовска на Телма, на лаптоп ја склопувал музиката и скоро "на готово" улетувале Keith и Maxim со вокалите. Меѓутоа, Prodigy без нив двајца и нивната харизма, никогаш немаше да биде Prodigy, а не верувам дека и тој самиот ќе беше толку популарен.

Се збореше дека последниве години им паднала енергијата на концертите, дека се подостарени, што е и логично, ама си остаија некој свој печат во електронската музика и тоа баш по настапите во живо и глеам дека стварно смртта на Keith го разбуричка светов денеска, за жал вака....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom