Најголема работа што лани ме изреволтира во Охрид е тоа што Советот на Општина Охрид усвои одлука за отштета на 10 угостителски објекти од поплавите во вредност од околу 350.000 евра... Тоа ти е во просек секој објект да добие по 35.000 евра... Но и тие си добија отштета многу повеќе од реалната цена...Пример во некој објект реалната штета е 4.000 - 5.000 евра, ама ќе добие 30.000 - 35.000 евра!!! А како тие ќе му одобрат 35.000 евра „(не)“ „реална штета“??? Ќе даде угостителот мито/корупција и тоа не некоја голема сума на проценителот, судскиот вештак, градоначалникот, плус во неговиот ресторан/кафана ќе им даде гага јадење, пиење неколку пати со 3-4 врста месо, риба (пастрмка) пијачки од најскапи жестоки пијалоци и готово завршена е работата...
Што мајка барале тие ко ги граделе објектите да се пикнати во езеро??? Не можело барем едно 10 метри да се оддалечат???
И плус повеќето угостителски објекти во Охрид не поседуваат соодветни дозволи (секој угостителски објект во Охрид покрај езеро поседува неколку квадрати нелегална површина)!!!
За нив можеле да се издвојат 350.000 евра, а нема отштета за старите оштетени куќи од земјотресите 2017 и нема пари да донираат за тие Охриѓани/Охриѓанки што е потребна итна операција за лекување во странство???
Еве кај мене населбата каде што живеам има доста влага од (подземни води). Не се спречуваат тие. Тоа си е природна работа. И кај мене на едно 30 - 40 см на приземје се рони ѕидот од влага. И да побарам отштета јас или било кој друг за то ќе дадат ли пари? Ќе ти речат вие будали сте или ненормални???
Е сега тие пари (350.000 евра) што им ги дадоа нив ние обичните луѓе ќе плаќаме за нив. Како на пример ќе има зголемени сметки за Охриганите друго нови и фантомски сметки како што беше пред неколку години Нискоградба - атмосферски, стратосферски, јоносферски води, такси за секој оџак што го имаш во куќата, казни на тие со ефтини коли во сообраќајот, казни за велосипедисти/пешаци и казни за уличните продавачи на овошје и зеленчук и за уличните продавачи на скутници и ефтина и користена гардероба...
Абе сите тие угостители и тие што одобрија отштета за нив парите да си ги даваат за лекови, лежење по болници, друго за сандаци, венци, свеќи, пеењето кај попојте, мермерни бели и црни плочи и плац од 2 квадрати во селото Лескоец...