sto e tolku losoto za kec?
Досаден, гаден, неинспиративен, на моменти смешно банален и сувишен... Плус, цело време се прашував: чуму ова, зашто не сфатив ни м од митологијата во филмот.
Само за да добиеш комплетна слика: Синедејс 2018, со
@Anon го гледавме Ahlat Ağaçı, или Wild Pear Tree на Нури Билге Џејлан, турскиот кандидат за Оскар годинава, јас: импресиониран по Winter Sleep на Нури, а
@Anon зашто јас го убедив и му дадов гратис карта за филмот (гратисите ги добив од Yunus Emre институтот, каде одам на курс по турски), иако го одвраќаше времетраењето: 3 саати и 15 минути. Филм со потпис на Џејлан: бавна драма во која нема акција, само дијалози, кој отвара или начнува 1001 тема, те става во позиција да размислуваш за истите, со прекрасна камера, прекрасно извајани ликови, и те остава со насмевка на усните, сјај во очите и убаво чувство на душата.Вредеше секоја секунда од тие 3 саати и 15 минути. И излегуваат луѓето од ни третина не-наполнетата сала, и кај сите се гледа истата импресија како кај нас двајца. Мене, btw, филмот ми е вториот најубав странски филм за 2018. Ти го препорачувам.
Но, како што по обичај тимот на Синедејс знае да ги утне работите (извонредни се, но немарни, кога станува збор за организирањето на термините за проекциите), го ставиле Suspiria за во 10:00, (или 11:00, не памтам, сеедно), а ние веќе имавме купено карти. Филмот почна дури по 11:30, нормално, зашто пред тоа Wild Pear Tree уште немаше завршено. Седевме некаде во предните редови, по редослед од десно кон лево:
@Anon , јас,
@Corvus и
@dragonsky . Истите можат да ти потврдат се, иако, гледам, биле дарежливи за филмот. Почна целата какофонија од ужаси, крвишта, месишта и бесмислености, секоја сцена од грозна, погрозна, и само го чекавме моментот да заврши. Салата преполна, мислам дека празно место немаше, тотална спротивност од филмот пред тоа. И
@dragonsky забележа по филмот: никој речиси не ја напушти салата. Па нормално, му викам, кога пола од нив спиеја. Во еден и пол заврши, побогу! Еден типац, седеше баш во редот пред нас, толку 'рчеше цел филм, што цело внимание ми беше насочено кон него, а не кон филмот. По серијата слаби 'рчења, кога ќе направеше едно силно "гррррррррррроооофт", цел блок се засмеваше. Искрено, неговото 'рчење беше единствено нешто што ме држеше мене буден, бидејќи толку бев уморен, а и веќе се ситнеа часовите по полноќ, што можев веднаш да заспијам. И најискрено: јас го гледав филмот токму заради Лука Гвадањино кој го величаш погоре и за кого и јас имав прекрасно мислење по Call Me By Your Name од 2017. Но овојпат видов тотална спротивност на тоа... Толку.[DOUBLEPOST=1550819916][/DOUBLEPOST]
Инаку Злате, чим го спомнал Том Јорк ради тоа му е оцената за филмот
Знам, тоа единствено чинеше!
И Тилда.
За споредба: се сеќаваш на тој филмот на Ханеке што го гледавме со тебе во 2017, исто на Синедејс (дури мислам дека истата екипа бевме + ти)? Не му го помнам ни името. И се сеќаваш на нашите реакции кога излеговме од салата? Е ова беше исто, само со дупло појак интензитет.