Црквата е мафија или навистина религиозна организација?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нормлно дека верниците НЕМА да седат дома, туку треба да работат на своето спасение. Во потрага во тоа спасение, се вклучува и Самиот Бог, кој на трагачите по спасение им го посочува ВИСТИНСКИОТ пат!
Свештените лица НЕ СЕ најблиску до Бога. Секој кој САКА да биде Божји ПРИЈАТЕЛ, може да биде близок со Него а притоа не е обврзан да биде и свештеник! Можам да се согласам само со една работа: а тоа е дека свештенството треба да биде ПРИМЕР по кој верните ќе се огледуваат. И толку! Но да се осудува свештенството , тоа никако!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За крштевањето не мислев непосредно на Докторот, туку на сите кои се некрстени. Патем кажано, дури сме живи, секој момент можеме да се крстме, независно одо возраста. Никаде не е кажано дека САМО бебињата се крштеваат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А судниот ден не ни гине на сите. Тоа сигурно ќе се случи.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Повелете. посочете што има заедничко православната Црква со било која негативна појава или процес во општеството, а притоа да не се фаќате за исклучоци кои поеднинци од светенството тоа го прават?
Еве една...Поделбата на црквата...христовата црква треба да биде една ,не треба да постојат поделби во Христовото тело, а денес ги има зилион и сите да тврдат дека тие се вистината...и притоа ги напаѓаат и пробаат да ги уништат угледот и службата на секоја друга црква..па имаме соблазнати верници кои лутаат...
Погледни ја само збрката во Православниот свет...колку држави толку цркви...Уте толку католички, незнам ни јас колку протестантски..и разни фракции...што бидна со пораката...
"Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои прават раздори и соблазни против науката, која вие ја научивте, и отстранувајте се од нив!
Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот желудник, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните..."..и ај да прекинам оти вистински христијанин не би требало да оди против свои браќа...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ај да одиме со ред.
Православието се одвои од Рим во 1054 г. поради тоа што папството и римската Црква ОТСТАПИЈА од изворното светоотечко упење (за тоа искривување, во друга прилика).
Понатаму; германските протестанти ПРОИЗЛЕГОА од римокатолицизмот а НЕ од православието:
Понатаму; Новите протестанти (адвентисти, методисти, јеховисти, квекери и сл. кои не се постари од 150 г. ) произлегоа од германско-англиканските протестанти, а не од римокатолоцизмот , а уште помалку од православието.
Понатам,у; тоа што секој народ има своја ПОМЕСНА православна Црква, не е слабост, туку ДОКАЗ дека одреден народ ДОРАСНАЛ за да има СВОЈА Црква. Тоа што има повеќе православни Цркви, не значи дека сите тие „тераат по свое„. Нивното учење е исто за СИТЕ православни!
За крај; павославието НИКОГО не го принуди да се одвои, туку да се покае и да биде член во Црквата, која е „Една, СВЕТА и Соборна и АПостолска„, согласно Симболот од православната вера.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ај да одиме со ред.
Православието се одвои од Рим во 1054 г. поради тоа што папството и римската Црква ОТСТАПИЈА од изворното светоотечко упење (за тоа искрвување, во друга прилика).
Не е точно, православието се одвои од Рим заради политики причини. Црквата и религијата нема никаква врска со тоа.

Miki1 напиша:
Свештените лица НЕ СЕ најблиску до Бога. Секој кој САКА да биде Божји ПРИЈАТЕЛ, може да биде близок со Него а притоа не е обврзан да биде и свештеник! Можам да се согласам само со една работа: а тоа е дека свештенството треба да биде ПРИМЕР по кој верните ќе се огледуваат. И толку! Но да се осудува свештенството , тоа никако!
Точно, свештениците не се најблизу до Бога, тие се олицетворение на Бог. Христијанството пропагира скромност, несреброљубие, и верба. А имаш попови (ако не сите 95% од нив), кои возат Бентли (да, тоа го видов последен пат, поп во Бентли), и е дебел. И сега, ако вербата во Бога која треба да биде непоколеблива вели му налага на верникот дека треба да држи пост, строг пост, нема никаква теорија тој да биде буцкаст. Има милиони примери на луѓе кои тврдат како свештените лица не ги почитуваат наредбите кои самите ги даваат. А тоа еден просечен верник го гледа, и мисли дека така треба. Па не е ни чудо што луѓето полека се повеќе се одвикнуваат од христијанството.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Власта зе занимава со политика а Црквата со духовно-етички категории. Според тоа, Црквата не се раздвои заради политика, туку заради веќе спометатата причина.
Спасението во Црквата е ЛИЧЕН чин. Секој се спсува заради СЕСЕ, пред се и над се. Значи, спасението е ЛИЧНА потреба а не заради попот или заради комшиите. Но, Писмото познава примери и поучува дека ако некој поединец решил да си ја спаси душата, покрај НЕГО може да ги спасат душите и ДРУГИ поединци.
А за тоа дека некојси поп возел Бентли, тоа веќе го коментирав. А ти, лично, зашто им забелеуваш САМО на поповите? Па сигурен сум дека секој втор копиљ од твое маало веќе вози некоја бесна кола! А зашто НЕМУ не му забележуваш? Затоа што не е поп, не е верник па сега нему СЕ му е допуштено!?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Чисто за пример: Христос вели; „...Слушајте што ви зборуваат фарисеите, но не правете како нив...“.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не е точно, православието се одвои од Рим заради политики причини. Црквата и религијата нема никаква врска со тоа.
Распадот на црквата не е од политички причини..барем не директно..туку заради т.н.Калцедонско вреување...кое пред се ,се однесува на значењето на Отелотворувањето(божестениот и човечкиот дел на Исус), а потоа и на политичкиот дела превласта на Папата и влијанието на царот врз црквата...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Луѓето не се одвикнуват од христијанството. Тоа е НИВЕН избор а не присила. СВетот ни нуди мнооооогу примамливи работи, како што ѓаволот им ги понуди на нашите прародители во Рајот, но и на Христа кога Го искушаше во пустината. Приврзанота кон светот воедно значи и одвојување од христијанството.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Цитат:
„Распадот на црквата не е од политички причини..барем не директно..туку заради т.н.Калцедонско вреување...кое пред се ,се однесува на значењето на Отелотворувањето(божестениот и човеклиот дел на Исус), а потоа и на политичкиот дела превласта на Папата и влијанието на царот врз црквата...„
Коментар:
Се согласувам. Но има уште. За тоа во друга прилика. Во секој случај, уште на блажениот Августин му ја припишуваат „заслугата„ за појавата на папството во Рим. За Тома Аквински и другите „светители„ од римската Црква да не зборуваме.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Луѓето не се одвикнуват од христијанството. Тоа е НИВЕН избор а не присила. СВетот ни нуди мнооооогу примамливи работи, како што ѓаволот им ги понуди на нашите прародители во Рајот, но и на Христа кога Го искушаше во пустината. Приврзанота кон светот воедно значи и одвојување од христијанството.
Како ли само успеал да се прокријумчари незабележано во градината (приватен имот) на семоќниот?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па затоа и го нарекуваат „лукав„, итар. Се нашол во Едемската градина, користејќи го телото од змијата, преку која и говрел, односно ја „забавувал„ Ева со ласкави и лажни ветувања дека, ако не ја послуѓшаат (првата) Божја заповед (за нејадење на забранетото овошје) ќе „станат КАКО богови„ и дека „нема да умрат„. А се случи токму спротивното: јадеа од забранетото, се „просветлија„ и почнаа полека да умираат, а покрај нив да умира и се живо. А кој бог може да умре?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Па затоа и го нарекуваат „лукав„, итар. Се нашол во Едемската градина, користејќи го телото од змијата, преку која и говрел, односно ја „забавувал„ Ева со ласкави и лажни ветувања дека, ако не ја послуѓшаат (првата) Божја заповед (за нејадење на забранетото овошје) ќе „станат КАКО богови„ и дека „нема да умрат„. А се случи токму спротивното: јадеа од забранетото, се „просветлија„ и почнаа полека да умираат, а покрај нив да умира и се живо. А кој бог може да умре?
Нека си го смени алармниот систем, очигледно тој што го имал го заебал:vozbud::kesa:
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Богомилите!

Повелете. посочете што има заедничко православната Црква со било која негативна појава или процес во општеството, а притоа да не се фаќате за исклучоци кои поеднинци од светенството тоа го прават?

Негативна појава кај православната црква, а и кај сите други е прогонувањето на неистомислениците, и нивно карактеризирање како еретици.

Добар пример за тоа се Богомилите, кои се појавиле во Македонија, во Х век. Тие се осмелиле да проповедаат поинаква верзија на религијата од православнаат црква, и биле прогонувани и убивани од војници, кај кои претходно биле наклеветени од православните попови. И не само тоа, сите книги во кои биле спомнувани биле запалени, освен една, Беседата на Презвитер Козма (православен поп), во која Богомилите се опишани на највулгарен начин, и покрај тоа што за многу работи расудувале поправилно од православците и католиците!

Дали ваков пример бараше Мики1?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom