Јас имам земено произход од ДАБЧ (значи немам потекло, одам на варијанта со изводи) и закажав за интервју наредната недела според новиот закон од 2019. Е сега прашањето ми е дали некој знае што е понатаму и колку отприлика трае таа процедура? Читав изјава од министерството за правосудие дека постапката е драстично скратена и дека во рок од 14 дена од интервјуто треба да се разгледаат документите и доколку нешто фали да се дополни во рок од 2 месеци, дали тоа значи дека според новата постапка за 2.5 месеци од интервју се добива државјанство?