Македонска берза

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Не знам зошто се креира грешна перцепција дека економијаа паѓа. Растот е 2.5, што секако е очајно ниво во споредба со опкружувањето, меѓутоа е далеку од пад на економијата. Зголемениот минималец исто значи и зголемена потрошувачка, така што не знам како е лоша таа мерка за нас, освен ако не поседувате акции кои даваат минимална плата. Банките и градежниците секако даваат поголема плата, а и пкб и телеком како други акции кои јас ги поседувам мислам дека даваат поголема плата. Вториве две баш позитивно можат да реагираат на покачувањето бидејќи продаваат на домашен пазар.

Сигурен сум дека со поспособна и некорумпирана влада резултатите можеа да бидат мнооогу подобри, ама не гледам причина за песимизам. Реално очекување, без политички обележја, е да имаме ограничен оптимизам, а не како тој на кире што очекуваше мби 10 на миљарда да оди.
Мое очекување за 2019та е меѓу 2 и 3.5/100 раст на БДП а за 2018 под 3/100 ;)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.885
Гледам дека постои интерес да се формира некаков вид на инвеститорска заедница, па во таа насока имам интересна идеја преку која може тоа да се реализира, а и учесниците убаво да профитираат. Имено, се работи за акционерски активизам во компанијата ДС Смит, поранешна Комуна.

Јас лани купив 300-400 акции во оваа фирма во мислам единствената трансакција што беше реализирана во текот на целата година. У старт немав никакви инсајдерски информации туку само тоа што можев да го прочитам и заклучам од ревидираните извештаи. Тоа беше дека компанијата откупува репроматеријали од Македонија и ги продава на други компании од групацијата ДС Стил, а и од нив купува производи што ги продава на македонскиот пазар. Тоа значи, неограничени можности за цицање на добивката преку трансферни цени. Дополнително, а како класична пост-комуњарска прикаска, има и куп нерегулирани имотни односи во врска со земјиштето и објектите.

Кога отидов на задното акционерското собрание, сите овие работи се потврдија, а открив и некои многу поинтересни. Имено, таму беа присутни некои марионетски работници што само поддржуваа што ќе кажат директорите, ама беше и пензионираниот шеф на правната служба чиешто познавање на корпоративното право, муќките што се прават во фирмата и авторитетот кај сите присутни беа импресивни. Практично само он зборуваше на собранието и ги направи партал директорите затоа што десетпати подобро се разбираше у нивната работа. Пошо случајно седнав до нив, и мене ме изеде нивниот срам што мораа да го голтаат додека ги соочуваше со нивната неспособност и малверзации. Кажа дека директорката зема плата 6.000 евра а заменикот 2.000, а според тоа колку не се разбираа у ништо, заклучив дека имале луда среќа мнозинскиот сопственик да ги прими и да функционираат под радар на начин како до сега, а тоа е како најобични извршители на налозите од мајката за цицање на капиталот.

Изнесените проневери беа многубројни и доколку кој било медиум се заинтересира за фирмата или им влезе каква било инспекција, финансиска полиција или обвинител, има да ги направи партал. Дури не беа способни ни процедурата на собранието да ја спроведат како треба па и адвокат почетник може судски да им ја поништи секоја одлука. Едноставно се толку неспособни, непотковани и кривично-правно изложени што максимум обични референти би биле у некоја нормална компанија.

Е сега, тука доаѓате вие. Моментално има на продажба некаква количина КОМУ по истата цена по којашто и јас ги иам купено (не се секирајте, не ги продавам јас). Доколку некој е заинтересиран и волен да се ангажира, а има јаки врски по медиуми и институции или има стручни знаења да тера вакви постапки, нека купи некоја акција и нека ме исконтактира да се координираме и јако да ги подбереме. Секако, тоа може да бидат и повеќе луѓе по помала количина. Јас гарантирам според она што го иам видено дека пари се цедат, а тоа може многу лесно со притисок да се спречи, да се одработи патриотски и да се пресечат одливи у странство, а следствено и како акционер пристојно да се заработи!

Да не должам на форум повеќе, сите информации што јас ги имам можам да ги пренесам, а ќе го пронајдеме и човекот од собранието, мислам дека се викаше Душко Јовановиќ и имаше некаков кратовски акцент. Ова е идеална шанса за уин-уин-уин ситуација за компанијата/државата/акционерите. Јас имав намера ова да го терам и сам, ама многу полесно ќе биде доколку го правиме повеќе луѓе и на овој лесен случај да покажеме малце заби како мали акционери.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471

Nie zborime kako ke se odrazat segasnive politiki, zakonski izmeni, itn vo IDNINA.

Ti zboris kolku BIL ekonomskiot rast.

So akcii probuvas da predvidis nekoi slucuvanja. Ako cekas tie da se slucat, pa da reagiras...Ode voz uv kukuruz
 
Член од
15 мај 2018
Мислења
29
Поени од реакции
48
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
https://www.societegenerale.com/sites/default/files/documents/Résultats financiers/2018/Q4/presentation_q4_2018.pdf

Strana 67 za ohb kolku imaat net banking income za 2018, 28m eur... btw halk stignaa 4ti da bidat ja prosle ohb, sega ohb se 5ti vo makedonija...

Ajde utre protest pred khv i mse, ebate pazarot za kapital koga site izvestai se gotovi ama kaj nas na seinet posledni vo svet gi objavuvaat...
Komisija za drapanje u prazno mislis?
Pa ima li direktor na berza da vooci deka nema dovolno podatoci i mu paga prometot ?
I dvete strani lapaat provizii i ziveat vo 19 vek so misla sto i da e ke mora preku berza da pomine t.e. pari da zemat a usluga i tansparentnost -1000?
So ovakvi serkovci ke se tera napred ja ne znam kako gi drzi zemja....
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
https://www.societegenerale.com/sites/default/files/documents/Résultats financiers/2018/Q4/presentation_q4_2018.pdf

Strana 67 za ohb kolku imaat net banking income za 2018, 28m eur... btw halk stignaa 4ti da bidat ja prosle ohb, sega ohb se 5ti vo makedonija...

Ajde utre protest pred khv i mse, ebate pazarot za kapital koga site izvestai se gotovi ama kaj nas na seinet posledni vo svet gi objavuvaat...
Dobra akcija. Mislam na GEL

Momentalno se trguva na p/b 0,59. DY 5,11%

I posle MSE bila eftina...
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Mene mi beshe pointeresno na strana 16...
P/TBV at disposal Average Balkans 1,2x :)

Ili analogno kaj nas 8400x1,2=10.000 mkd...
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.885
Mene mi beshe pointeresno na strana 16...
P/TBV at disposal Average Balkans 1,2x :)

Ili analogno kaj nas 8400x1,2=10.000 mkd...
Мислам дека премногу илузии имаме за стручноста во СЖ. Баш би сакал да сум можел да бидам на состанокот во 2006. кога одлучиле да ја откупат Охридска по 8.100 денари. Какви ли само величествени проекции за иднината содржела таа Паурпоинт презентација :pos:
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Мислам дека премногу илузии имаме за стручноста во СЖ. Баш би сакал да сум можел да бидам на состанокот во 2006. кога одлучиле да ја откупат Охридска по 8.100 денари. Какви ли само величествени проекции за иднината содржела таа Паурпоинт презентација :pos:
Drugo vreme beshe toa I drugi ceni, Gospod po zemjata setashe togash... :)
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Гледам дека постои интерес да се формира некаков вид на инвеститорска заедница, па во таа насока имам интересна идеја преку која може тоа да се реализира, а и учесниците убаво да профитираат. Имено, се работи за акционерски активизам во компанијата ДС Смит, поранешна Комуна.

Јас лани купив 300-400 акции во оваа фирма во мислам единствената трансакција што беше реализирана во текот на целата година. У старт немав никакви инсајдерски информации туку само тоа што можев да го прочитам и заклучам од ревидираните извештаи. Тоа беше дека компанијата откупува репроматеријали од Македонија и ги продава на други компании од групацијата ДС Стил, а и од нив купува производи што ги продава на македонскиот пазар. Тоа значи, неограничени можности за цицање на добивката преку трансферни цени. Дополнително, а како класична пост-комуњарска прикаска, има и куп нерегулирани имотни односи во врска со земјиштето и објектите.

Кога отидов на задното акционерското собрание, сите овие работи се потврдија, а открив и некои многу поинтересни. Имено, таму беа присутни некои марионетски работници што само поддржуваа што ќе кажат директорите, ама беше и пензионираниот шеф на правната служба чиешто познавање на корпоративното право, муќките што се прават во фирмата и авторитетот кај сите присутни беа импресивни. Практично само он зборуваше на собранието и ги направи партал директорите затоа што десетпати подобро се разбираше у нивната работа. Пошо случајно седнав до нив, и мене ме изеде нивниот срам што мораа да го голтаат додека ги соочуваше со нивната неспособност и малверзации. Кажа дека директорката зема плата 6.000 евра а заменикот 2.000, а според тоа колку не се разбираа у ништо, заклучив дека имале луда среќа мнозинскиот сопственик да ги прими и да функционираат под радар на начин како до сега, а тоа е како најобични извршители на налозите од мајката за цицање на капиталот.

Изнесените проневери беа многубројни и доколку кој било медиум се заинтересира за фирмата или им влезе каква било инспекција, финансиска полиција или обвинител, има да ги направи партал. Дури не беа способни ни процедурата на собранието да ја спроведат како треба па и адвокат почетник може судски да им ја поништи секоја одлука. Едноставно се толку неспособни, непотковани и кривично-правно изложени што максимум обични референти би биле у некоја нормална компанија.

Е сега, тука доаѓате вие. Моментално има на продажба некаква количина КОМУ по истата цена по којашто и јас ги иам купено (не се секирајте, не ги продавам јас). Доколку некој е заинтересиран и волен да се ангажира, а има јаки врски по медиуми и институции или има стручни знаења да тера вакви постапки, нека купи некоја акција и нека ме исконтактира да се координираме и јако да ги подбереме. Секако, тоа може да бидат и повеќе луѓе по помала количина. Јас гарантирам според она што го иам видено дека пари се цедат, а тоа може многу лесно со притисок да се спречи, да се одработи патриотски и да се пресечат одливи у странство, а следствено и како акционер пристојно да се заработи!

Да не должам на форум повеќе, сите информации што јас ги имам можам да ги пренесам, а ќе го пронајдеме и човекот од собранието, мислам дека се викаше Душко Јовановиќ и имаше некаков кратовски акцент. Ова е идеална шанса за уин-уин-уин ситуација за компанијата/државата/акционерите. Јас имав намера ова да го терам и сам, ама многу полесно ќе биде доколку го правиме повеќе луѓе и на овој лесен случај да покажеме малце заби како мали акционери.
Која е количината што се нуди? Искрено колку што можев да видам во ревидираниот извештај, во делот кај зделки со поврзани странки имаат насекаде нивни компании и доста соработуваат.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.885
Drugo vreme beshe toa I drugi ceni, Gospod po zemjata setashe togash... :)
Имаа шанса и по 4-5 години за поправен, кога 3% од банката се истргува под 1.000 денари, а веројатно барем уште 10% се истргувало под 2.500[DOUBLEPOST=1550221316][/DOUBLEPOST]
Која е количината што се нуди? Искрено колку што можев да видам во ревидираниот извештај, во делот кај зделки со поврзани странки имаат насекаде нивни компании и доста соработуваат.
Истечен ми е иТрејдерот па гледам само цена, ама мислам дека се работеше за 300-400 акции. Доколку има некој претплата може да постира, а може и да свртиш на брокер и да прашаш.

Воглавно, фирмата е на ниво на најниска работна единица на ДС Смит, а ниту акционерите ниту институциите треба да го дозволуваат тоа. Дури и со минимален притисок и свртување внимание на нејзиното работење може да се постигнат огромни резултати, а јас сум волен да вложам труд, време и енергија за да се оствари тоа. Дури не ми е ниту за заработката, туку повеќе за општествено корисниот ефект што од тоа ќе се постигне.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Видете ги предлозите за членови на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Каша попара. Свите се таму, и луѓе на Саше и од сините (поранешен разузнавач)... :uzi::yid:
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
200
Видете ги предлозите за членови на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Каша попара. Свите се таму, и луѓе на Саше и од сините (поранешен разузнавач)... :uzi::yid:
Колку проценти треба да имаш од друштвото одприлика за да влезеш во надзорен
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
462
Поени од реакции
370
Имаа шанса и по 4-5 години за поправен, кога 3% од банката се истргува под 1.000 денари, а веројатно барем уште 10% се истргувало под 2.500[DOUBLEPOST=1550221316][/DOUBLEPOST]

Истечен ми е иТрејдерот па гледам само цена, ама мислам дека се работеше за 300-400 акции. Доколку има некој претплата може да постира, а може и да свртиш на брокер и да прашаш.

Воглавно, фирмата е на ниво на најниска работна единица на ДС Смит, а ниту акционерите ниту институциите треба да го дозволуваат тоа. Дури и со минимален притисок и свртување внимание на нејзиното работење може да се постигнат огромни резултати, а јас сум волен да вложам труд, време и енергија за да се оствари тоа. Дури не ми е ниту за заработката, туку повеќе за општествено корисниот ефект што од тоа ќе се постигне.
 
Attachments

Член од
8 јуни 2010
Мислења
80
Поени од реакции
34
Значи се собираме неколку (10-20) души како екипа од форумов - здружение или сл... Купуваме 10-15% од некоја компанија и се ставаме у органите на управување на принцип на ротација, и си газиме полека... 20 души по 25,000 еур праиме маса од 500,000 еур и настапуваме :))))

Koj е ЗА ? :)))

Уствари тоа ќе му дојде нешо као инвестициски фонд да си напраиме
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom