Гледам дека постои интерес да се формира некаков вид на инвеститорска заедница, па во таа насока имам интересна идеја преку која може тоа да се реализира, а и учесниците убаво да профитираат. Имено, се работи за акционерски активизам во компанијата ДС Смит, поранешна Комуна.
Јас лани купив 300-400 акции во оваа фирма во мислам единствената трансакција што беше реализирана во текот на целата година. У старт немав никакви инсајдерски информации туку само тоа што можев да го прочитам и заклучам од ревидираните извештаи. Тоа беше дека компанијата откупува репроматеријали од Македонија и ги продава на други компании од групацијата ДС Стил, а и од нив купува производи што ги продава на македонскиот пазар. Тоа значи, неограничени можности за цицање на добивката преку трансферни цени. Дополнително, а како класична пост-комуњарска прикаска, има и куп нерегулирани имотни односи во врска со земјиштето и објектите.
Кога отидов на задното акционерското собрание, сите овие работи се потврдија, а открив и некои многу поинтересни. Имено, таму беа присутни некои марионетски работници што само поддржуваа што ќе кажат директорите, ама беше и пензионираниот шеф на правната служба чиешто познавање на корпоративното право, муќките што се прават во фирмата и авторитетот кај сите присутни беа импресивни. Практично само он зборуваше на собранието и ги направи партал директорите затоа што десетпати подобро се разбираше у нивната работа. Пошо случајно седнав до нив, и мене ме изеде нивниот срам што мораа да го голтаат додека ги соочуваше со нивната неспособност и малверзации. Кажа дека директорката зема плата 6.000 евра а заменикот 2.000, а според тоа колку не се разбираа у ништо, заклучив дека имале луда среќа мнозинскиот сопственик да ги прими и да функционираат под радар на начин како до сега, а тоа е како најобични извршители на налозите од мајката за цицање на капиталот.
Изнесените проневери беа многубројни и доколку кој било медиум се заинтересира за фирмата или им влезе каква било инспекција, финансиска полиција или обвинител, има да ги направи партал. Дури не беа способни ни процедурата на собранието да ја спроведат како треба па и адвокат почетник може судски да им ја поништи секоја одлука. Едноставно се толку неспособни, непотковани и кривично-правно изложени што максимум обични референти би биле у некоја нормална компанија.
Е сега, тука доаѓате вие. Моментално има на продажба некаква количина КОМУ по истата цена по којашто и јас ги иам купено (не се секирајте, не ги продавам јас). Доколку некој е заинтересиран и волен да се ангажира, а има јаки врски по медиуми и институции или има стручни знаења да тера вакви постапки, нека купи некоја акција и нека ме исконтактира да се координираме и јако да ги подбереме. Секако, тоа може да бидат и повеќе луѓе по помала количина. Јас гарантирам според она што го иам видено дека пари се цедат, а тоа може многу лесно со притисок да се спречи, да се одработи патриотски и да се пресечат одливи у странство, а следствено и како акционер пристојно да се заработи!
Да не должам на форум повеќе, сите информации што јас ги имам можам да ги пренесам, а ќе го пронајдеме и човекот од собранието, мислам дека се викаше Душко Јовановиќ и имаше некаков кратовски акцент. Ова е идеална шанса за уин-уин-уин ситуација за компанијата/државата/акционерите. Јас имав намера ова да го терам и сам, ама многу полесно ќе биде доколку го правиме повеќе луѓе и на овој лесен случај да покажеме малце заби како мали акционери.