Ме чуди... искрено, бидејки од она што приметив на нивната реклама, еден од атрибутите кои би требало да ја красат Тундрата 18 е токму тоа: Haier Tundra series features Long Distance Air supply technology which covers more than 16 metres of distance (For 18000 BTU).... еве и во рекламата (колку што знам една е) за Тундра, околу тоа, по истекот на првата минута
https://www.youtube.com/watch?v=0_k0wB3Qel4
ќе да е изгледа поткровјето постегнато и поизолирано... па влијае на впечатокот!?
Нема шанса 16 метри, треба да се пушти на 3ка над 1000 м3 да бута што е апла тајфун, и незнам кој тоа би го користел освен за брзо затоплување. Плус има само 3 хоризонтални и една вертикална позиција, од кои јас исклучиво вертикалната ја користам зашто останатите се многу високи и ако не се бапнат на тројка фан неможат добро да ја распоредат топлината. Тој проблем Грее Ломо го нема, распореду
ва на прв фан 10 метри должина кај моите, додека јас со 7 метри имам мака. Иначе поткровјето е дел од иста куќа, над мене со иста изолација и прозори, нема плоча над него само тервол и е 10 см повисоко и 5 м2 поголемо. Ломото послабо се покажа на
влага и поладното кога беше, се гледаше дека се мачи и доста поише дефрости имаше, иначе нема ладен воздух на дефрост како и тундрата. Значи, тие крајни вредности освен за реклама немаат практична примена, исто како што се рекламираат 19 дб, за да постигнат ниска децибелажа протокот го намалу
ваат на 150 м2 и неможеш ни 10 м2 да загрееш.
Според мене проток на воздух и регулација и тип на летвичките има пресудно значење за комфорот. ГРЕЕ тоа многу добро го имаат решено со дупла летвичка што го концентрира снопот, додека Тундрата со единечна летвичка и широк отвор на слаби брзини лошо го дистрибуира.
Друга разлика што ја приметувам е тоа што температурата на издув кај тундрата е врзана со брзината на фанот, додека кај Ломото уште на прва брзина дава висок издув.