Ако се докаже техничка неисправност, би требало газдата да лежи затвор, заедно со техничарот од станицата што дал зелено светло за автобусот да помине.
На секого му е јасно дека превознициве се во јака врска со партијата која е на власт, малтене, за џабе им пренесуваат луѓе од внатрешноста до Скопје, кога има опозициски собири, за кога ке дојдат на власт, шаком и капом им даваат превознички линии, и на такви, нема шанса некој нешто да им пререче, зашто, сега ке свртам еден телефон, и автобусот минува на технички.
Ние самите како луѓе не знаеме да се заштитиме, не сум сигурен дека кај нас во автобус има каиши кои се задолжителни за носење, што не е случај во Европа, и значително би го намалиле смртниот биланс.
Не мора да значи дека ова важи за сите компании или пак дека некаков дефект се случил поради негрижа, треба да се почека со истрагата па да видиме..
Вчера автобусот бил полн до последно место, без стоење, што значи и бил претежок, проблемот е што пукнала предна гума најверојатно што е проблем за било кое возило, а нарочито за вакво тешко, на автопат возеле што значи и се возело брзо, да речеме 100 km/h, и дополнителен проблем е местото каде се случила несреќата, значи апла све што можело да придонесе за ваква тешка несреќа, овде било случај.
Тоа е, возење на автопат каде се тера со 100km/h, пукање на предна гума, дел од автопатот каде од страната има условно речено провалија и фактот што автобусот бил целосно полн односно сите седишта биле исполнети што го прави и допочнително тежок. Овде паднале директно на стариорт пат после поголема удолнина, и дополнително се превртеле и покрај стариот пат., фактот што пукнала предна гума при брзо возење а притоа автобусот е фул и е претежок дополнително влијае врз контролата на истиот од страна на шоферот, доволен показател за ова е што многу лесно поминале низ 3 банкини, две што се една до друга и третата покрај патот.
Да се случело на некое друго место од автопатот каде нема толкава надолнина покрај истиот немало да има толку жртви, можеби и никој немало ни да умре ама ова е веќе што би било кога би било муабет.
Хаос кој ретко се гледа у државава, не памтам да имало ваква несреќа до сега, само не мора одма со шпекулации и барање на виновници, некогаш за вакви работи и не мора да значи дека има некој што е виновен, едноставно несреќа која се случила во околности кои дополнително влијаеле за да има вакви трагични последици, штета навистина, мене тоа ми се врти само у глава како баш на ова место да се деси несреќава, не на некое што би влијаело и бусов да не се сврти, и да не вози толку брзо, и да нема поголема провалија покрај патот.
Јадни видеа има на нет, вчера булеварон глуп рокнал едно зашто се улета да и реплицира на ванковска, а на истото имаше еден патник приклештен внатре во автобусот, лелекаше цело време и збореше дека не може да ги движи нозете, и потоа го зема телефонот и му јави на таткото, му вика татичко нозете не можам да ги мрдам, и плаче, све ова снимено од рандом човек, па не ја сфаќам и потребата ова да се снима и тоа на метро од автобусот, наместо да се помага, или ако не си во можност да помогнеш, седи од страна и немо надбљудувај.
Конкретно за дечкото што му јави на таткото, излезе инфо за ваков случај, еден од родителите за република изјавил дека синот му јавил и овој од Гостивар одма дошол и сам го вадел од автобус, можеби е токму овој случај, се надевам дека е, зашто дечкото преживеа.
Како и да е многу лоши видеа и слики вчера видов, несвесно, да знаев немаше ни да ги отворам, искрено едвај заспав и станав саат ипол пред алармов, осеќам некоја тежина у стомак едноставно не ми е сеедно што ова се деси. Сочуство за фамилиите, али нема збор што може да ја смали оваа трагедија, нема ни поука ни ништо од ова, нешто без поента, само прашање Зошто кое никад нема да има одговор. Млади луѓе умреле, татковци на мали деца, разбрав и некоја трудна девојка имало ама е меѓу живите, не знам што повеќе да кажам, сабајлево еве сеа ме извести другар дека и негов колега за кого вчера знаевме дека е во критична состојба, сабајле добил инфо дека подлегнал и он на повредите, дали ова е тоа лице за кое вчера рекоа дека починало откако кажаа 13, па потоа 14, или е плус уште еден не знам. И тој шоферот, јака му душа после ова, нема веќе живот у него,абе у пизду материну.
