Ако се докаже техничка неисправност, би требало газдата да лежи затвор, заедно со техничарот од станицата што дал зелено светло за автобусот да помине.
На секого му е јасно дека превознициве се во јака врска со партијата која е на власт, малтене, за џабе им пренесуваат луѓе од внатрешноста до Скопје, кога има опозициски собири, за кога ке дојдат на власт, шаком и капом им даваат превознички линии, и на такви, нема шанса некој нешто да им пререче, зашто, сега ке свртам еден телефон, и автобусот минува на технички.
Ние самите како луѓе не знаеме да се заштитиме, не сум сигурен дека кај нас во автобус има каиши кои се задолжителни за носење, што не е случај во Европа, и значително би го намалиле смртниот биланс.