- Член од
- 17 октомври 2017
- Мислења
- 855
- Поени од реакции
- 1.471
Хаха, памтам кога беше обидот за превземање на ФЕРС, муабетот беше дека „фамилијата„ е на страната на Кираца за да му ја лапнат фирмата на Штерјо.Еве ја економската преродба на Грујо. Како со измама се превземани компании вредни десетици милиони евра.
Истрагата има и кривично дело измама, во случајот со обидот за преземање на „Фершпед“. Акционерката Кираца Трајковска сакала да земе кредит од Стопанска Банка Битола, за да ја раздолжи ќерка си кај Еуростандард банка. Орце Камчев и Цветан Панделески ѝ кажале да ги заложи акциите кај физичко лице од Кипар, кое ќе влезе во „Фершпед“, ќе му ги купи акциите на Штерјо Наков и ќе му ја преземе компанијата. Кираца во Стопанска банка Битола остава бланко ПП уплатници и добива пари со кои се раздолжува во Еуростандард. Сѐ уште ги има акциите. Кираца и Јованче Тасковски ги убедуваат вработените да ги продадат на купувач акциите по 6.000 евра за една, за да ја преземе новиот купувач компанијата од Наков.
Но, Наков оди кај Мијалков, бара помош, го викаат Камчев, им соопштува дека ако ги купат тие акциите, ќе ги плати четири пати поскапо, само да си ја спаси компанијата. Камчев и Мијалков ѝ прават на Кираца Трајковска фирма. Ги вложуваат нејзините акции во новата фирма. Управител е Ненад Јосифовиќ.
Оваа фирма ги пренесува акциите на друга фирма, ама Трајковска не забележала. Ѝ подметнале документи, го потпишала преносот, продажбата на нејзините акции, без да знае. На 23 декември 2013 ги продаваат на берза акциите на Трајковска, ги купува Наков за над 6 милиони евра, Трајковска останува без акции. (Во втората фирма што со подметнување ги зеле акциите од Трајковска, влегуваат „Орка“, „Ексико“ и „Тимох“). И оваа измама е тешка 4 милиони евра колку што морал да ги натплати Наков своите акции. Заедно со „Бетон-Штип“ и претходните незаконски трансакции, истрагата досега нашла измама и перење пари во „Империја“ во износ од околу 10 милиони евра.
https://sdk.mk/index.php/naslovna/so-prislushuvani-razgovori-na-soprugata-ana-olivera-trajkovska-i-vlatko-mijalkov-i-so-pomosh-na-kiparski-banki-sjo-ja-razotkri-imperija-na-ortse-kamchev/#.XGJ9YC82KMI.facebook
Сега искача демек му помагале на Штерјо да ја заебе Кираца.
А вистината кој знае која е? Факт е дека Кираца си искочи за позамашна сума, која не можеше ни да ја сонува пред целата заврзлама.
А можно е и да е сето ова само еден голем рекет, да се сотре набогатиот Македонец и да му се лапнат фирмите. Од вистинската ФАМИЛИЈА
Спрегата Власт-СЈО-Медиуми работи со полна пареа