Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Нај трагично че биде сеа да поскапат климиве, наместо да намалат за 10% да купат многу Грајџани. Тогаш че има ефект сите знаеме ништо нема да изгубат ако ги намалат климите за 5 или 10% али оваа е Чудесна Македонија ....
 
Па исполни, никој не ти брани.

Нема потреба да се комплицираат условите. Треба да се едноставни. Кога беше за Солари на почеткот не се ни потрошија средствата. Џабе дадоа, после почнаа да се осевстуваат.

А ова е МИЛИЈАРДА пати поважно од солар. И треба да земе буквално КОЈ СТИГНЕ. Зошто и да не земе, ќе земе наредна година. Па некој ќе земе за точак, некој ќе земе за PVC ете и тоа тера некое време. Па некој ќе земе за пелети (нажалост). Па некој ќе му текне дека треба да се се врати на парно градско.

Само нека се освестуваат и да ги снемува предрасудите за инвертери. Ехеее колку се освестиле, а тек колку треба да се освестат. Се утепаа од пари давање. Цркнаа од пари давање. „НЕ Е ИСТО, НА ДРВО Е ДРУГО“. Да друго е, првиот пола саат, после па се лади, па се прегрева, па се глупираш, па чистиш саѓи, оџаци, цепиш, товариш, растовараш... Ах беееее.
 
Уште еден нелогичен услов, посебно ако се знае дека голем број објекти имаат проблем со документација. Да е платен данок на имот. На што да го плати кога нема документ за сопствеништво. Може овде да се постави услов, да ги има намирено сите обврски кон локална самоуправа на пример.
Па исполни, никој не ти брани.

Нема потреба да се комплицираат условите. Треба да се едноставни. Кога беше за Солари на почеткот не се ни потрошија средствата. Џабе дадоа, после почнаа да се осевстуваат.

.
не е дали некој брани некому. Ниту сум против почисто греење. Едноставно нелогички се условите и лесно подложни на манипулација. Како што направија со куќа-стан па ене четврт Кисела Вода немаат документи и се со недовршени згради.И не е само КВ.
Значи не е само да се направи промет, пари да се напунат фирмите. Едно од решенијата е централното греење да се продолжи во населбите. Ама веројатно полесно е вака со пари од граѓаните, ни елаборати, ни нацрти, ни пресметки.
 
Последно уредено:
Уште еден нелогичен услов, посебно ако се знае дека голем број објекти имаат проблем со документација. Да е платен данок на имот. На што да го плати кога нема документ за сопствеништво. Може овде да се постави услов, да ги има намирено сите обврски кон локална самоуправа на пример.
не е дали некој брани некому. Едноставно нелогички се условите и лесно подложни на манипулација. Како што направија со куќа-стан па ене четврт Кисела Вода немаат документи и се со недовршени згради.И не е само КВ.
Значи не е само да се направи промет, пари да се напунат фирмите. Едно од решенијата е централното греење да се продолжи во населбите. Ама не, полесно е вака со пари од граѓаните, ни елаборати, ни нацрти, ни бутур.
На пример ова кај мене заебанција. вакво ако воведад во Прилеп че треба дедоми да го скориваме од Гроб да поддај документи за субвенции уште нее префлено на Стариов мој заебана работа ако бараат имотен лист да е се чисто и истата личност со го поседува имотот да поддај за субевенции
 
Уште еден нелогичен услов, посебно ако се знае дека голем број објекти имаат проблем со документација. Да е платен данок на имот. На што да го плати кога нема документ за сопствеништво. Може овде да се постави услов, да ги има намирено сите обврски кон локална самоуправа на пример.
не е дали некој брани некому. Ниту сум против почисто греење. Едноставно нелогички се условите и лесно подложни на манипулација. Како што направија со куќа-стан па ене четврт Кисела Вода немаат документи и се со недовршени згради.И не е само КВ.
Значи не е само да се направи промет, пари да се напунат фирмите. Едно од решенијата е централното греење да се продолжи во населбите. Ама не, полесно е вака со пари од граѓаните, ни елаборати, ни нацрти, ни пресметки ни бутур.
Имаше легализација за 1еур? Имаше. Документи секој треба да си среди за имотот и тоа да му е ПРИОРИТЕТ!!! Без разлика на се!
А не да дреме и да не плаќа даноци и да спие на тоа уво дека „тука арно е“. Тоа е најодвратно однесување на светот.

Абе? Утре ќе дојде петко станко, не му се свиѓаш. Ќе ти ја сруши куќата око нема да му трепне. На улица ќе останеш. Имам такви примери во сред Скопје. До субвенција му дошло ако нема соодветна документација за имот... Оди гледај реши си имотно-правни проблеми на време. Колку повеќе оставаш толку повеќе ќе го јадеш немиен во иднина.

Еве ти друг пример, доаѓа владиката ти копа у двор, си гради зграда... АМА МОЕ Е! Кај пише дека е твое? Еве он си има од општина дозвола, ДУП све. Ти пуши си го прстот. Влечи се по судови 40 години да се докажуваш дека е твое. А он у меѓувреме ќе почасти еден стан од зградата што ја дигнал и НИККОГАШ нема да го добиеш спорот.

Абе луѓе бе... Абееее...
 
@mdeni не знам дали не си запознаен со зградите кои немаат добиено употребна дозвола, а луѓето живеат во нив. Не се мал број. Не се работи за легализација затоа што легализација се однесува главно на диводоизградени објекти и дворови и тоа до 2011. Ниту за неплаќање даноци. Значи има такви згради. Спорови се водат со години, не заради вина на корисникот на домот, токму заради градските служби. Па имаш голем број куќи каде меѓувреме живеат неколку семејства и не е можно да се направи поделба, ниту легализација на нивно име. Па имаш домови каде семејствата користат по 2 соби, а сето тоа се води на едно име...јбг, од икс причини, не ради нивна вина. Има голем број и разни случаи каде оваа документација, заради исто нелогичните закони, не е регулирана ниту пак може да извади документ на свое име.
Па домови каде имаат еден инвертер, сакаат уште еден наместо дрва или нафта.
Затоа велам, малку да го вклучеле мозокот, добро ги знаат проблемите. Да поставеле услов сите давачки кон комуналните фирми и градот да се платени пеки.
Зошто впрочем не се зафатат со централно греење.
Ваква објава од кориснички аспект има фалинки во условите и лесно може да се манипулира. Каков е ефектот врз загадувањето од 1500 инвертери, тоа не знам.
 
Последно уредено:
Ама ПОЕНТАТА на субвенцијата е да се купат 5000 инвертери со 1300 субвенции.

Па да се рашири глас, па следна година да се купат 10000 итн.
Да, поентата е да се купат 5000 инвертери, но само затоа оние 3500, кои нема да добијат субвенции ги платат субвенциите на оние што ќе ги добијат! И обично втор пристигнат и неуслужен ќе биде оној што навистина се грее на дрва и загадува, или таков нема да конкурира од причини кои ги наведоа другите. поврзано со документација... а услужен ќе биде некој што завчера се откажал од парно за кое има приклучок во зградата...
Јас веќе размислувам, за втор инвертер, да си се “субвенционирам“ со набавка од Грција! Поевтина клима, цена без царина и ДДВ... која субвенција од Шилеџето бре!? Или од Коце-кабана предходно со печките на пелет!?
 
Последно уредено:
За 1500 инвертори низ цел Скопје мислам нема да има голем ефект ако идат по населби по 1500-2000 може нешто да се осети промени .. 20к инвертери би имало ефект некои во СК

п.с сега видов Нептун има пупуст и ГРЕЕ го продолжил датумот на попуст
 
Тешко е да напишеше добар оглас и да го следиш. Може требаше да се дадат повеќе пари и по општини, со контрола да се утврдува дали му следува и дали ќе ја користи климата во наредните 3+ години. Ако сакаме да промениме нешто.
Или етапно, од најзагадениот дел кон другите да се движеше субвенцијата, зашто нели целта е намалено загадување?
И пак, 1500 клими ништо не значат, над 20к требаше минимум.
 
На сите ни е јасно дека 90% од субвенциите ќе се делат по штабови, нели?

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
Не.
Луѓе си земаа субвенции за прозори, за соларни за пелети без штабови. Проблем е што на 1ви ќе се појават 1500 луѓе со купени клими и ќе го потрошат во еден ден буџетот зашто е малку.
 
Е, ова не може. Убаво е нагласено во она што Вие го постиравте.
Да, се извинивам, моја грешка... толку сум незаинтересиран што тоа не го приметив... иако не сум премногу убеден дека и таков понекој нема да добие субвенции!
Но да не говориме за политика и непотизам... кој добие, нека му е со среќа, се надевам дека и тука (на темава) некој ќе се пофали!? :)
 
Последно уредено:
А може и вака: секоја општина по 10 луѓе да ангажира, и со документите за субвенции во рака од куќа на куќа секаде кадешто чади оџак да се подели и да се објаснат бенефитите на греење со инвертер. И веднаш да се поканат тие домаќинства да аплицираат.
 
има по ефикасна идеа со Дрон да стават сензори за пм честитки одма ќе се мапира цела населба пред некое време едно мало детенце имаше ваква идеа на тв го даваа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom