Најекономично греење и ладење

Член од
25 март 2013
Мислења
235
Поени од реакции
141

nekoj imase shto stavi daikin i se zalese od drzacot... eve kaj komsijata shto stavile, valda imaat samo treba malce podrzok da si i da si barash:)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Jas se zalev za drzacite. No ke gi smenam samo da zatopli samo malku vremeto. Samo ushte ne sum pobaral kade prodavaat kvalitetni drzaci i kolku pari se.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Кој е заинтересиран....
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10396&mid=482&tabId=1&fbclid=IwAR3m_H1lqJwiJ4f_gGAU2Wy3y51EuPdHn7wo9yGOZGZKrQ6l8ysDi7yKAz4
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ВО ГРАД СКОПЈЕ
Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, наскоро ќе распише јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување. На јавниот повик ќе се прифаќаат фискални сметки за купен инвертер од 1 јануари 2019 година, граѓаните ќе може да аплицираат на јавниот повик од март, а исплатата на средствата ќе се врши по завршувањето на претстојните претседателски избори.



Имено, сите граѓани на Скопје кои имаат фискални сметки за купување инвертер во 2019 година и кои ги исполнуваат посебните услови за учество на јавниот повик од 01.03.2019 година ќе имаат можност да аплицираат за субвенции на инвертери. Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.



Субвенционирањето на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување е активност предвидена во мерките од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и е дел од мерките на Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

За надоместување на дел од трошоците, барателот треба да ги исполнува следниве критериуми:
  1. I. Право на учество:
Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:

  • да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари),
  • инвертерот да го купил во 2019 година, се до завршување на јавниот повик, односно исцрпување на средствата од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање за купување инвертери,
  • да нема искористено субвенции од кој било извор во Република Македонија за затоплување на своето домаќинство (станбен објект),
  • до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи,
  • да има платено данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година,
(1) Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.
  1. II. Услови за учество:
При разгледување на барањата за субвенционирање, предвид ќе бидат земени оние во кои подносителот ги исполнил следниве услови:
  • доставил пополнет образец за јавниот повик за доделување субвенции за набавка на посовремен уред за затоплување,
  • доставил доказ дека е жител на град Скопје, што се докажува со фотокопија на личната карта,
  • доставил доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата,
  • доставил фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користел,
  • доставил фотокопија од трансакциска сметка, и
  • доставил потврда за платен данок на имот за станбениот објект заклучно со 2018 година.
  1. III. Објавување на јавниот повик
Јавниот повик ќе биде објавен на 01.03.2019 година, а ќе трае до 30.11.2019 година, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.
  • Купувачот на уредот за затоплување, барањето за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, на адреса булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје (барака 16), секој работен ден од 08:30 до 15 часот.
  • Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
IV. 8. Финансирање на Програмата
Средствата ќе се користат за делумен надомест на средствата на граѓаните искористени за купување посовремен уред за затоплување, во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.[DOUBLEPOST=1549905678][/DOUBLEPOST]фотографија од печка на дрва! :pos: Јако, јако... нема што! Одам у подрум “Краљица Печи“ да ја сликам... или да најдам некоја ќумба од интернет!? :LOL:
Смрдена работа од неколку аспекти! Прво важи само за град Скопје, како пензионерските карти во ЈСП ... второ, многу погано е што е по формулата на претходната гарнитура со субвенции за точаци, PVC прозори, печки на пелет: “прв пријавен прв услужен!“
А не така мајмуни, прво кажи ми дали сум добил субвенција, па да купувам клима! Вака само у корист на сопствена штета те штета на народот, а ништо те никаков трошок од буџетот! Еве како! За да пуштиш 1500 добитни грепки треба да продадеш 5000!....
Да речеме во еуфоријава сега се продадоа 5,000 инвертери (од нив нели 1500 ќе бидат субвенционирани!) Еве малку да шпекулирам.... математиката кажува вака... 5000 клими Х 450 Евра просек секоја = 2,250,000 Евра, Грубо данокот што ќе го собере државата би бил околу 400,000 Евра (agio i disagiо) ми кажува дека е помалу, ама ај ... подели ги на 1500 (субвенционирани) колку е тоа? Тоа е 270Евра ... а колку дава по инвертер градот? Толку! а-хахаха... А НЕ ТАКА ГНАСИ!
Затоа реков субвенционирајте се сами купувајки од Грција Бугарија, дури и Србија... Ем поевтино е со цените од тука, ем сте ослободени од царина и данок ... еден одличен Fujitsu или Mitsu со две фактури (посебни за внатрешната и надворешната) го наоѓате за 500Евра, а при второ одење во Гр... ви враќаат 12-15% од цената (дел од данокот)... само така а не вака!!!
Требаше да бараат ф-ра за купени дрва јаглен ... или со печката сликан во ист кадар и денешен “Котелец“...или “Екран“ ... абе циркус!
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.546
Поени од реакции
7.310
Затоа реков субвенционирајте се сами купувајки од Грција Бугарија, дури и Србија... Ем поевтино е со цените од тука, ем сте ослободени од царина и данок ... еден одличен Fujitsu или Mitsu со две фактури (посебни за внатрешната и надворешната) го наоѓате за 500Евра, а при второ одење во Гр... ви враќаат 12-15% од цената (дел од данокот)... само така а не вака!!!
Требаше да бараат ф-ра за купени дрва јаглен ... или со печката сликан во ист кадар и денешен “Котелец“...или “Екран“ ... абе циркус!
Никогаш не ти идела математиката, со Субвенцијата може да стават инвертер со цена од 500евра за само 256евра, кај тебе со 15% истата клима од 500еу, башка шверцана, башка стравот изеден и патот двапати до Гр климата од 500евра ке ги кошта 425евра(+патот и бензинот) или бајаги поскапо испаѓа климата по твојата математика....другпат рачунај кога не си под седативи и стрес.
Плус.....1300 семејства-објекти ке добијат евтина клима а не само 10 или 20.
Знаеш колку би се решиле да го изодат твојот пат и тоа што им го предлагаш (буквален шверц преку граница, 2пати до Гр и назад, и немање гаранција) ?
ни 13души нема да отидат или ни 1% нема да направат таков потег што не си го направил ни ти, као прво.
А тие мизерни 13 секако нема да намалат PM честички ако веќе ти иде математиката пресметај и у PM честички колку ке се добие со твојава глупа и поскапа математика.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
544
Ало Скопјани?На подарен "коњ" гледате дали ушите му се криви?Имате субвенција,што чекате?Да дојди подобра?Можи ќе има можи не?Не живеете во совршена земја,па да очекувате совршено решение! На некого му криво дека купил без субвенција а @Dr Zmigo? Бар Вие што киснете на форумот и што научивте нешто за овој вид на греење земете за себе за другата соба или предложете на близок...Што и кој бренд да земете или предложите ваљда сте научиле после 1600стр.. Да имаше вакво нешто во Бт, иако не е совршено,немаше да чекам, а тоа преку граница е друга прича..
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Ама ПОЕНТАТА на субвенцијата е да се купат 5000 инвертери со 1300 субвенции.

Па да се рашири глас, па следна година да се купат 10000 итн.

За 3 години да не се труеме со дрвата веќе. И да се почне со казнување најригорозно за греење на дрва и друго.

Доста беше веќе. 21ви век 2020та година ќе е следната зима!!!

Фала богу што дадоа, малце од малце да мрднеме од мртва точка.
 
Член од
23 декември 2018
Мислења
99
Поени од реакции
132
Се согласувам по претходните, без разлика што нема сите да бидат субвенционирани, кој размислувал за инвертер не треба да се мисли. Инаку и општина Ѓорче Петров усвои одлука за субвенционирање во 2019 та и тоа до 20.000 ден. ама повикот ќе биде распишан на есен најверојатно и не се знае дали тие што добиле субвенција од град Скопје имаат право на учество.
Оние што се греат на дрва воопшто да не размислуваат, дури и ако немаат доволно финансии, подобро е да набават и од 17.000 ден. инвертер, нема да им потроши во најладниот месец еквивалент од 2 кубика дрва. Парите што ги планирале за набавка на дрва нека ги пренасочат во инвертер.
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
321
Поени од реакции
620
Дечки без непотребни пецкања,
Најважно со оваа субвенција е да ја земат оние кои се најсериозно загрозени финансиски, а не како што знаеме најбогатите и со највеќе врски да си ја наредат
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Dr Zmigo донекаде е во право. Ќе се даваат субвенции за купени инвертери од 01.01.2019, ова е објавено на 11.02.2019, а огласот ќе биде објавен на 01.03.2019. Која ли логика? Што ако огласот не биде објавен? Кој си зеде за право нешто да објавува пред време? Дали веќе ги известија сите свои пријатели, па тие веќе имаат купено, приготвено документи и само чекаат да ги предадат (прв дојден...)? Ако некој има намера да си купи инвертер (без субвенции), ќе си купи. Зошто некој да биде вовлечен во купување, а после да нема субвенции? Зошто само за Скопје? Ако средствата се навистина од градот, во ред е. Но се поставува прашање дали државата му помага на градскиот буџет? Лесно е да делиме градски средства, а всушност државата ги донирала. Скопје е држава во држава, ама на крај тоа има негативен ефект.

На подарен "коњ" гледате дали ушите му се криви?
Не така. Велат дека на подарен коњ заби не се гледаат (по забите се познава староста). Но ако е пред умирање, подобро таков подарок да не добиеме. Само трошоци ќе си имаме.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.727
Поени од реакции
12.160
Да, малку многу е чудно што услов е домот да се грее на дрва, јаглен, нафта со слика како доказ.
И јас можам да исполнам ваков услов. ... Дури и ако сум во зграда. Тоа гледам и Змиго го напишал.
Второ е што секој што купил и се грее би требало да добие субвенција, а не првите 1500. Од каде знаеме дека не е местено како што си знаат нашиве.
И трето кое не може да се опфати со оваа одлука (како и слика од ќумбе) е контролата, на што се грее. Доколку добил субвенција, а дел од куќата (куќа од 100 м2 посебно на спрат) пак го грее на дрва...јбг, зашто му се дадени пари. Како со нивите што правеа. Или со конкурсите за работа.
На крај краева, зашто мора баш да биде за новонабавен и од 2019. И зарем оние кои веќе се греат на струја, а набавиле нов во 2019 не им следи помош?
Има нелогични услови и можности за манипулација.
На подарен "коњ" гледате дали ушите му се криви?
не е подарен. Тоа се пари од нас, даночни обврзници.
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2018
Мислења
541
Поени од реакции
559
Нај трагично че биде сеа да поскапат климиве, наместо да намалат за 10% да купат многу Грајџани. Тогаш че има ефект сите знаеме ништо нема да изгубат ако ги намалат климите за 5 или 10% али оваа е Чудесна Македонија ....
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Па исполни, никој не ти брани.

Нема потреба да се комплицираат условите. Треба да се едноставни. Кога беше за Солари на почеткот не се ни потрошија средствата. Џабе дадоа, после почнаа да се осевстуваат.

А ова е МИЛИЈАРДА пати поважно од солар. И треба да земе буквално КОЈ СТИГНЕ. Зошто и да не земе, ќе земе наредна година. Па некој ќе земе за точак, некој ќе земе за PVC ете и тоа тера некое време. Па некој ќе земе за пелети (нажалост). Па некој ќе му текне дека треба да се се врати на парно градско.

Само нека се освестуваат и да ги снемува предрасудите за инвертери. Ехеее колку се освестиле, а тек колку треба да се освестат. Се утепаа од пари давање. Цркнаа од пари давање. „НЕ Е ИСТО, НА ДРВО Е ДРУГО“. Да друго е, првиот пола саат, после па се лади, па се прегрева, па се глупираш, па чистиш саѓи, оџаци, цепиш, товариш, растовараш... Ах беееее.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.727
Поени од реакции
12.160
Уште еден нелогичен услов, посебно ако се знае дека голем број објекти имаат проблем со документација. Да е платен данок на имот. На што да го плати кога нема документ за сопствеништво. Може овде да се постави услов, да ги има намирено сите обврски кон локална самоуправа на пример.
Па исполни, никој не ти брани.

Нема потреба да се комплицираат условите. Треба да се едноставни. Кога беше за Солари на почеткот не се ни потрошија средствата. Џабе дадоа, после почнаа да се осевстуваат.

.
не е дали некој брани некому. Ниту сум против почисто греење. Едноставно нелогички се условите и лесно подложни на манипулација. Како што направија со куќа-стан па ене четврт Кисела Вода немаат документи и се со недовршени згради.И не е само КВ.
Значи не е само да се направи промет, пари да се напунат фирмите. Едно од решенијата е централното греење да се продолжи во населбите. Ама веројатно полесно е вака со пари од граѓаните, ни елаборати, ни нацрти, ни пресметки.
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2018
Мислења
541
Поени од реакции
559
Уште еден нелогичен услов, посебно ако се знае дека голем број објекти имаат проблем со документација. Да е платен данок на имот. На што да го плати кога нема документ за сопствеништво. Може овде да се постави услов, да ги има намирено сите обврски кон локална самоуправа на пример.
не е дали некој брани некому. Едноставно нелогички се условите и лесно подложни на манипулација. Како што направија со куќа-стан па ене четврт Кисела Вода немаат документи и се со недовршени згради.И не е само КВ.
Значи не е само да се направи промет, пари да се напунат фирмите. Едно од решенијата е централното греење да се продолжи во населбите. Ама не, полесно е вака со пари од граѓаните, ни елаборати, ни нацрти, ни бутур.
На пример ова кај мене заебанција. вакво ако воведад во Прилеп че треба дедоми да го скориваме од Гроб да поддај документи за субвенции уште нее префлено на Стариов мој заебана работа ако бараат имотен лист да е се чисто и истата личност со го поседува имотот да поддај за субевенции
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Уште еден нелогичен услов, посебно ако се знае дека голем број објекти имаат проблем со документација. Да е платен данок на имот. На што да го плати кога нема документ за сопствеништво. Може овде да се постави услов, да ги има намирено сите обврски кон локална самоуправа на пример.
не е дали некој брани некому. Ниту сум против почисто греење. Едноставно нелогички се условите и лесно подложни на манипулација. Како што направија со куќа-стан па ене четврт Кисела Вода немаат документи и се со недовршени згради.И не е само КВ.
Значи не е само да се направи промет, пари да се напунат фирмите. Едно од решенијата е централното греење да се продолжи во населбите. Ама не, полесно е вака со пари од граѓаните, ни елаборати, ни нацрти, ни пресметки ни бутур.
Имаше легализација за 1еур? Имаше. Документи секој треба да си среди за имотот и тоа да му е ПРИОРИТЕТ!!! Без разлика на се!
А не да дреме и да не плаќа даноци и да спие на тоа уво дека „тука арно е“. Тоа е најодвратно однесување на светот.

Абе? Утре ќе дојде петко станко, не му се свиѓаш. Ќе ти ја сруши куќата око нема да му трепне. На улица ќе останеш. Имам такви примери во сред Скопје. До субвенција му дошло ако нема соодветна документација за имот... Оди гледај реши си имотно-правни проблеми на време. Колку повеќе оставаш толку повеќе ќе го јадеш немиен во иднина.

Еве ти друг пример, доаѓа владиката ти копа у двор, си гради зграда... АМА МОЕ Е! Кај пише дека е твое? Еве он си има од општина дозвола, ДУП све. Ти пуши си го прстот. Влечи се по судови 40 години да се докажуваш дека е твое. А он у меѓувреме ќе почасти еден стан од зградата што ја дигнал и НИККОГАШ нема да го добиеш спорот.

Абе луѓе бе... Абееее...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.727
Поени од реакции
12.160
Имаше легализација за 1еур? Имаше. Документи секој треба да си среди за имотот и тоа да му е ПРИОРИТЕТ!!! Без разлика на се!
А не да дреме и да не плаќа даноци и да спие на тоа уво дека „тука арно е“. Тоа е најодвратно однесување на светот.

Абе? Утре ќе дојде петко станко, не му се свиѓаш. Ќе ти ја сруши куќата око нема да му трепне. На улица ќе останеш. Имам такви примери во сред Скопје. До субвенција му дошло ако нема соодветна документација за имот... Оди гледај реши си имотно-правни проблеми на време. Колку повеќе оставаш толку повеќе ќе го јадеш немиен во иднина.

Еве ти друг пример, доаѓа владиката ти копа у двор, си гради зграда... АМА МОЕ Е! Кај пише дека е твое? Еве он си има од општина дозвола, ДУП све. Ти пуши си го прстот. Влечи се по судови 40 години да се докажуваш дека е твое. А он у меѓувреме ќе почасти еден стан од зградата што ја дигнал и НИККОГАШ нема да го добиеш спорот.

Абе луѓе бе... Абееее...
@mdeni не знам дали не си запознаен со зградите кои немаат добиено употребна дозвола, а луѓето живеат во нив. Не се мал број. Не се работи за легализација затоа што легализација се однесува главно на диводоизградени објекти и дворови и тоа до 2011. Ниту за неплаќање даноци. Значи има такви згради. Спорови се водат со години, не заради вина на корисникот на домот, токму заради градските служби. Па имаш голем број куќи каде меѓувреме живеат неколку семејства и не е можно да се направи поделба, ниту легализација на нивно име. Па имаш домови каде семејствата користат по 2 соби, а сето тоа се води на едно име...јбг, од икс причини, не ради нивна вина. Има голем број и разни случаи каде оваа документација, заради исто нелогичните закони, не е регулирана ниту пак може да извади документ на свое име.
Па домови каде имаат еден инвертер, сакаат уште еден наместо дрва или нафта.
Затоа велам, малку да го вклучеле мозокот, добро ги знаат проблемите. Да поставеле услов сите давачки кон комуналните фирми и градот да се платени пеки.
Зошто впрочем не се зафатат со централно греење.
Ваква објава од кориснички аспект има фалинки во условите и лесно може да се манипулира. Каков е ефектот врз загадувањето од 1500 инвертери, тоа не знам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom