Кај забега со моабетот бре Хепта?
Еден од проблемите во контест на темата е самиот пишан збор, не зборуваме само за библија, туку за секоја духовна или филозофска книга .
Како да се придобијат одредена група луѓе кој би имале иста религиска или филозофска цел (во повеќето случаеви е мир, љубов, хармонија, самоосознавање и др) и притоа би се залагале за нејзина афирмација во општеството.
Па откако се зголеми бројот на членовите таа идеа би прераснала во идеологија, а со тоа се отвара "фронт" на војување со останатите религии и филозофии.
Значи пишаниот збор станува темел на нивната идеологија- верување и сето тоа што после следи е историја на страдање на човештвото.
"Семоќните" богови преку пишаниот збор успеаа да го разделат човекот, оној ист човек кој тие го "создале" стана орудие за борба за нивниот опстанок...на вечните богови, пророци и филозофии.
Кај забега светот?
Тука во таа палета од богови, религии, филозофии спаѓате и вие.
Но, тоа е реалноста, секој за себе ќе тврди ова или она, ние сме добрите тие лошите, тие се во стариот , ние во новиот еон и други нивни забегани спредби.И ајде, нека им биде по верувањето, но тука не застанува никој и понатака ќе се вреѓаат луѓето , затруени од пишаниот збор кој како слепци ќе го држат , постираат, препишуваат ..во гради ќе се удираат не баре мислиш од мајчина утроба они го извадиле.
С'е се менува , можеби еден ден пишаниот збор или говор ќе биде застарена алатка за пренос на информација.
Јас викам има две клучни работи кој би ги промениле работите.
1. Општеството за да ја изгуби моќта и контролата врз луѓето, запри го јавното сметање на времето.
2.Религиите и разните филозофии да престанат да го делат и трујат народот, забрани им го пишаниот збор.
п.с.Хепта, предходно две реченици напишав , а ти протолкува според твоето сваќање...ако не е христијан тогаш е муслиман.
Не Хепта, не е така!